Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28          
Recnik
14.11.2022
ПРЕКУ СРЕДБИТЕ СО ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДО УШТЕ ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА НА УЈП СО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во Куманово се сретна со жени претприемачки, менаџерки и сметководителки од североисточниот дел на државата.

На средбата присутните ја поздравија заложбата на Управата за јавни приходи и пред се на директорката Лукаревска, да се слушнат искуствата и предизвиците со кои секојдневно се среќаваат жените претприемачки при водењето на нивните бизниси. Присутните истакнаа дека секојдневно вложуваат во унапредување на позициите на жената во бизнис заедницата а преку своите делувања контуинирано покажуваат дека се важен сегмент во економијата. Ваквите средби како што појаснија, се добредојдени затоа што помагаат во надминување и решавање на сите отворени прашања и дилеми и овозможуваат да се слушне гласот на даночниот обврзник со цел создавање на фер услови за сите чинители во домашната економија.

Директорката Лукаревска, истакна дека средбите со жените претпиемачки кои ги организира Управата за јавни приходи по повод денот на даночниците се добра можност заедно да се разгледаат предизвиците со кои се соочуваат, и преку транспарентен пристап и преку директна комуникација да се создадат можности за решавање и надминување на препораките кои ќе произлезат од овие средби.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија