Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.02.2023
ПРЕЗЕНТИРАН НАЈВИСОК ГОДИШЕН БРУТО ДОХОД ОД ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2021 ГОДИНА

Директорката на Управата за јавни приходи на денешната прес конференција го презентираше највисокиот годишен бруто доход од годишната даночна пријава за 2021 година.

„За календарската 2021 година, Управата за јавни приходи изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава за 788 643 граѓани. Овие лица искажале годишен бруто доход од близу 366, 6 милијарди денари во пријавите, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од 22, 3 милијарди денари. Во однос на 2020 година, вкупниот приход на граѓаните во 2021 година е за 35,4 милиони повисок, следствено на ова и данокот на личен доход е за 2,7 милиони денари повисок во 2021 година“ – истакна Лукаревска.

Управата за јавни приходи Годишните даночни пријави, ги изготвува врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход, поднесени од страна на исплатувачите, од пријавите на пресметките кои ги доставиле граѓаните од други физички лица и од странство а врз основа на податоците од годишниот биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење на самостојна дејност. Граѓаните преку корисничките профили на e-ПДД, можат да ги прегледаат, да ги корегираат и да ги потврдат даночните пријави. Граѓаните кои ниту ги потврдиле, ниту ги корегирале годишните даночни пријави по службена должност УЈП ги потврди.

   

Директорката Лукаревска рече дека Годишните даночни пријави се параметар кој даваат една слика за приходите на граѓаните, кои ги оствариле во 2021 година, и истакна дека деновиве ќе започне генерирањето на годишните даночни пријави за 2022 година и апелираше до граѓаните да направат увид дали ги пријавиле приходите со цел оданочување. Кога ќе биде генерирана ГДП, да ја потврдат или ако имаат забелешки да ја корегираат. Во тек е и наплата, односно обврските кои граѓаните можеби не ги платиле до генерирање на Годишната даночна пријава за изминатите години. Апелирам да ги платат обврските со цел да не се доведат во дополнителни трошоци за присилна наплата и блокада. А до оние кои сеуште не се регистрирале на е- ПДД системот, да го сторат тоа со цел да имаат во секое време увид на приходите кои ги оствариле и да може да ја користат апликацијата Мој ДДВ - рече Лукаревска.

Во прилог е прес пакет во кој е содржана анализата на Годишните даночни пријави за 2021 година.

Pdf_16   Прес пакет  (2 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија