Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Recnik
25.07.2023
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ ДО 26 ЈУЛИ

Поради прекин на електрично напојување во зградата каде е сместена Генералната Дирекција на Управата за јавни приходи, отежнато функционираат системите на Управата за јавни приходи.

Согласно Законот за даночна постапка, а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 1 (еден) работен ден.

Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 - 30.06.2023 и за 01.06.2023 - 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.

  • Линк за албанска верзијa

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија