Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавна објава за уредно доставување на прекршочни платни налози за одговорни лица во правни лица/физички лица
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 11.12.2025 

Година: 2025
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на прекршочни платни налози за одговорни лица во правни лица/физички лица
Датум на издавање: 11.12.2025 година
Институција: Управа за јавни приходи
Архивски бр.18-8970/1 од 09.12.2025 година

Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) и член 17 став 2 а и б од Законот за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со Протоколот од 2010 година („Службен весник на РСМ”, бр.191/19), Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје објавува:

ЈАВНА ОБЈАВА

за уредно доставување на прекршочни платни налози/одлуки за прекршок издадени од Даночната администрација на Словенија, за македонски државјани - одговорни лица во правни лица/физички лица

Се повикуваат одговорните лица во правните лица/физички лица во рок од осум дена да ги подигнат прекршочните платни налози/одлуките за прекршок по електронски пат со испраќање на е-пошта: clo@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје, бул. Кузман Јосифовски-Питу бр. 1, Скопје.

Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на прекршочните платни налози/одлуките за прекршок за следниве одговорни лица во правни лица/физички лица:

Ред.
бр.

Назив / Име на субјект

Последна адреса
на субјектот

Број на платен налог/Одлука за прекршок

Датум на платен налог/Одлука за прекршок

Адреса

Град

1

Благоја Петрушев

ул.Христо Татарчев бр.43/1-55

Скопје

DT 71010-12931/2023-2 (03-060-20)

13.12.2023

2 Лука Петковски ул.Букурешка бр.6 Б Скопје DT 71010-10076/2025-2 (04-560-501) 15.09.2025
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија