|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
18.01.2017
Домашните правни лица, домашните физички лица - регистрирани за вршење на дејност, странските правни лица или странските физички лица (нерезиденти) со постојана деловна единица во Република Македонија кои вршат исплати на приходи кон странско правно лице кои подлежат на оданочување со задржан данок согласно Законот за данокот на добивка, должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот. Исплатувачот на приходот кој имал обврска да изврши задржување на данокот во 2016 година, има обврска до УЈП да достави Извештај за уплатениот данок по задршка (образец “ДД-И“), најдоцна до 15 февруари 2017 година...
|
|
16.01.2017
Задолжително поднесете Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15-ти Март 2017 година, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и дополнителни приходи од: кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com, www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација...; и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија. Побарајте збирна пресметка од работодавачот кој ви исплаќал приходи во 2016 година! Како и каде да ја поднесете Годишната даночна пријава?...
|
|
12.01.2017
Фирмите и работодавците како исплатители на приходи имаат обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година на сите физички лица (граѓани) на кои во текот на изминатата година вршеле исплати на приходи, да им издадат Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година. Податоците во Збирната пресметка треба да бидат искажани во согласност со бараните податоци во Годишната даночна пријава, односно Законот за персоналниот данок на доход (види пример на збирна пресметка). Фирмите-исплатувачи за изминатата 2016 година имаат обврска најдоцна до 31 јануари 2017 година, задолжително по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk да поднесат Годишен извештај, и тоа: ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ. Насоки за искажување на примања на членови на органите за управување и надзор на трговските друштва во ПДД-ГИ, за пополнување на ПДД-ГИ за исплатувачи со голем број на исплати (над 500 исплати) и за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години...
|
|
09.01.2017
Ги информираме граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок. Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход. Проверете преку интернет дали должите персонален данок...
|
|
05.01.2017
Даночните обврзници (правни и физички лица) кои во претходната календарска година (заклучно со месец Декември 2016 година) од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) најдоцна до 15 јануари 2017 година. Во истиот рок Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност...
|
|
|
|
|
|
|