|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
31 |
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
11.05.2016
Ја информираме јавноста дека во рамките на вчерашните протести пред објектот на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје нанесена е материјална штета на делот од објектот кој е предмет на реновирање и адаптација во рамки на Проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“ финансиран преку предпристапните ИПА фондови на Европската Унија.
|
|
04.05.2016
Во насока на обезбедување на правата на работниците согласно одредбите од Законот за работни односи, Управата за јавни приходи ја зајакна контрола на нето платата за исплата на работникот (ефективно нето) во МПИН-пресметките. Во МПИН пресметките воведена е нова контролна мерка за ефективната нето плата за исплата по вработен (поле 3.31 од клиентски софтвер). Доколку работодавачот за одреден вработен внесе нето плата за исплата помала во однос на законски предвидените ограничувања, се генерира предупредување (917) - Ефективната нето плата е помала од нето основицата. За да го корегирате ова предупредување, потребно е пресметката на нето платата да ја усогласите согласно законските одредби...
|
|
04.04.2016
Од 1 Април 2016 година, Контакт центарот на УЈП и Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи, лоцирани во Градскиот Трговски Центар (2-кат), работат со ново работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Со новото работно време се врши усогласување на достапноста на услугите кои ги нуди Управата за јавни приходи преку Регионалните дирекции и Даночните оделенија на УЈП...
|
|
30.03.2016
Согласно измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина се менува фазата во која овластените подносители се должни да поднесат Известување (образец МФ/УЈП) за пречекорување на законските рокови за плаќање. Формата и содржината на Известувањето (образец МФ/УЈП) е уредена со Правилник за формата и содржината на известувањето („Службен весник на РМ“, бр.41/16)...
|
|
22.03.2016
Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“,бр.31/16) од 22.01.2016 година, а со примена од 1 Март 2016 година. Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примена на повластената даночна стапка и тоа...
|
|
|
|
|
|
|