|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
08.06.2012
Претходно информиравме дека во функција на спроведување постапка на утврдување на директна или индиректна одговорност, и евентуална инволвираност на даночни службеници во случајот „Детонатор“, на 11.05.2012 година 24 вработени во регионалните дирекции на УЈП во Штип, Битола и Тетово беа суспендирани од работа. По спроведената постапка водена од Единицата за професионални стандарди, а во врска со утврдување на фактите и доказите за евентуалната инволвираност на даночните службеници, е одлучено 20 вработени да бидат вратени на работа...Неселективната борба против сивата економија, криминал и прекршувањето на законите, ги опфаќа и редовите на Управата за јавни приходи...
|
|
07.06.2012
Во врска со доставените опомени за неплатена радиодифузна такса, ја информираме јавноста дека УЈП има разбирање на поплаките на граѓаните, но со цел избегнување на истите Управата неколку пати има укажано обврзниците да се придржуваат до начинот на уплата на радиодифузната такса. Причините зошто на граѓаните им е доставена опомена иако тие имаат платено може да се јави поради следното: при вршење на уплатата е пропуштен или погрешно е впишан фолио бројот од решението на УЈП; при вршење на уплатата впишана е само интерната шифра на обврзникот во МРТВ или истата е погрешно внесена...Непостапувањето, односно вршење на уплати со погрешни податоци, како и ненавремено ажурирање/исправка на податоците во МРТВ секако се одразува и врз евиденцијата за наплатата на радиодифузна такса, за што обврзникот ќе мора да приложи доказ во УЈП...
|
|
10.05.2012
Поради новиот начин на администрирање и обработка на податоците во ДДВ-пријавите кои го воведе УЈП, ве молиме да ги следите дадените насоки, како и да ја користите оригиналната верзија на образецот “ДДВ-04“ објавена на веб страницата на УЈП и компјутерски да ги внесете бараните податоци. ОБРАЗЕЦОТ Е БЕСПЛАТЕН! Не користете некомпатибилни обрасци кои отстапуваат од пропишаната форма и содржина, а кои се наоѓаат во малопродажба...
|
|
04.05.2012
Ги повикуваме правните лица и граѓаните кои имаат неплатен долг на радиодифузна такса, истото да го сторат во најкус можен рок, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапка за присилна наплата на заостанатите долгови на обврзниците на радиодифузна такса. Дополнителна причина за уплата на заостанатите обврски е што спроведувањето на постапката за присилна наплата повлекува и дополнителни трошоци кои паѓаат на товар на обврзникот...
|
|
20.04.2012
Последните контроли на УЈП уште еднаш покажаа дека не ретки се обидите за политички етикетирања и квалификации на работата на Управата за јавни приходи во контекст на локални препукување и нечии бизнис интереси. Пораката која сакаме да ја испратиме до испраќачот на писмото кое пристигна до УЈП, но и на сите оние кои на ваков или сличен начин размислуваат да извршат влијание и притисок на Управата е дека секој недисциплиниран даночен обврзник ќе ги сноси законските последиците и тоа ниту повеќе, ниту помалку.Обидите за нарушување на интегритетот и угледот на даночната администрација од “локалните кујни“, како и фактот...
|
|
|
|
|
|
|