Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

30.12.2020
ОД 01.01.2021 ГОДИНА НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ОД 18 % НА 5% ЗА ЗАНАЕТЧИСКИТЕ УСЛУГИ
Согласно измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“, бр.267/20 од 09.11.2020) од 1 јануари 2021 кај занаетчиските услуги ќе се применува повластена даночна стапка од 5% врз прометот што го вршат занаетчиите запишани во занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство, и тоа...
 
30.12.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2021 ГОДИНА - НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“
Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2021 се следните..
 
24.12.2020
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА - НАЈВИСОК ДОХОД ВО 2019
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес на прес конференција посветена на Годишната даночна пријава - највисокиот доход во 2019, соопшти дека Управата за јавни приходи изготви пополнета Годишна даночна пријава, за 802.235 граѓани, со искажан 311.347.898.662,00 денари годишен бруто доход и 19.890.696.418,00 денари пресметан данок на личен доход...
 
21.12.2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ВО 2020 ГОДИНА ОСТВАРИЛЕ ДОХОД ОД ЗАКУП И ПОДЗАКУП И/ИЛИ КАПИТАЛНА ДОБИВКА
Ве информираме дека Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход (физички лица) кои во тековната 2020 година оствариле доход од закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и обврзниците кои оствариле капитална добивка од продажба или размена на недвижен имот, учество во капиталот или друг подвижен или нематеријален имот, кои се должни да платат данок на личен доход по тој основ, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на доспеаните аконтации на данокот по налозите за плаќање издадени од Управата за јавни приходи...
 
14.12.2020
АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната Прес конференција, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец Октомври 2020 година...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија