Општи даночни стапки 
      					
      				
      				
      					Данок на личен доход
Пресметката и плаќањето на данокот на доход од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права, од продажба на сопствени земјоделски производи, од права од индустриска сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, капиталните добивки, од осигурување и друг доход се врши по стапка од 10%.
      Пресметката и плаќањето на данокот на доход од добивки од среќа се врши по стапка од 15%.
Данок на добивка
- од 01.01.2008 - 10% даночна стапка
 
Данок на додадена вредност
ДДВ се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа:
- според општата даночна стапка од 18% и
 - според повластената даночна стапка од 5%.
 - според повластената даночна стапка од 10%
 
                  
                				
                				
                				
              
