Memorandum_mk
Приходи од самостојна дејност

Дефиниција

  • Приходи од самостојна дејност - се приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, приходите од земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.
  • Приходи од стопанска дејност - се приходите од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност.
  • Приходи од професионални и други интелектуални услуги - приходите од здравствена, ветеринана, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.
  • Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.

Даночен обврзник

  • трговец-поединец
  • физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност (се запишани во соодветен регистар и кои водат деловни книги)
  • физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и кои водат деловни книги
  • физички лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност (адвокати, нотари, лекари, ветеринари, инженери, архитекти, сметководители, ревизори, новинари и сл.) кои не се сметаат за трговци

Даночна основа

Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од самостојна дејност претставува нето приходот (разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник) утврдени во Годишниот даночниот биланс (ПДД-ДБ). 

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%

Самооданочување (утврдување и плаќање на аконтација на данокот на доход)

Аконтацијата на персоналниот данок се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец, во износ од 1/12 (една дванаесттина) од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ).
Обврзникот кој отпочнува да врши самостојна дејност месечните аконтациите на персоналниот данок на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето плата по работник во Република Македонија објавена во месец Јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Обврзникот на данокот на доход за приходите остварени од самостојна дејност е должен разликата меѓу уплатената аконтација и пресметаниот данок на доход да ја уплати во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот за предавање на Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ).
Напомена: Аконтацијата на персоналниот данок за месец Јануари 2018 година треба да се плати во висина на платената аконтација за месец Декември од 2017 година.

Годишни обврски за вршителите на дејност

Задолжително се доставуваат Биланс на приходи и расходи (Б) и Годишен даночен биланс (ПДД-ДБ) до Управата за јавни приходи по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март наредната година.

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи (приходи од самостојна дејност) во текот на 2018 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2019 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија