Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Лични примања

Дефиниција

Лични примања се сите приходи што ќе ги оствари обврзникот по основ на работен однос, вклучувајќи ги и приходите по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност, а кои што се исплатени во пари, бонови, парични потврди, акции, стоки или во некој друг облик кој има парична вредност.

Видови лични примања

  • плати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот;
  • надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на Законот за персоналниот данок на доход и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа;
  • пензии;
  • примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
  • примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции;
  • примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
  • надоместок за врвни спортисти;
  • надоместок за време на боледување;
  • надоместок за време на отсуство од работа;
  • надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
  • надоместок на членовите на МАНУ;
  • плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата; и
  • секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.

Лични примања се сметаат и други примања, кои наместо во пари се даваат во вид на бонови, парични потврди, акции, стоки, или во некој друг облик кој има парична вредност.

Даночна основа

  • примања по основ на остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, намалена за придонесите и личното ослободување за месецот за којшто се исплатува плата.
  • износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоците поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа.
  • примања по основ на пензија - остварената пензија намалена за придонесите и лично ослободување. Пресметаниот данок на доход на примањата по основ на пензии и инвалидни се отстапува на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
  • примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва - износот на примањето, надоместокот.
  • примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции - износот на примањето, надоместокот.
  • примања на професионални спортисти - износот на примањето, надоместокот.
  • надоместокот за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва - износот на примањето, надоместокот.
  • надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите - износот на примањето, надоместокот.
  • приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица - износот на примањето, надоместокот.
  • остварената плата и надоместок на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот за странско физичко лице – нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на Република Македонија, намалени за придонесите и личното ослободување за месецот за кој се исплатува платата.
  • износот на надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа на странско физичко лице - нерезидент од работен однос кај резидент на Република Македонија утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа.
  • остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот што ја остварува резидент на Република Македонија кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија, намалени за придонесите и личното ослободување за месецот за кој се исплатува платата.
  • износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и прописите за органите на државната управа, што се исплатени на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија.
  • примања кои наместо во пари се исплатени во вид на бонови, парични потврди и хартии од вредност нивната номиналната вредност.
  • примања кои наместо во пари се исплатени во вид на стоки-цената која би се постигнала со продажба на стоките

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - даночната стапка изнесува 10%

Надоместоци од работен однос кои не подлежат на оданочување со персонален данок на доход

  • надоместок за трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување и исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица, во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на управата.
  • надоместок во случај на смрт на вработениот и на член на семејство, до пропишаниот износ.
  • отпремнина која се дава при заминување во пензија во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеца.
  • надоместоци на трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно.
  • помош за претрпени штети од елементарни непогоди до најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

1. Исплатувачот на приходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за личните примања.
Исплатувачот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на приходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.

  • Исплатувачот при исплата на плата, дел од плата, надомест на плата и исплата по основ на деловна успешност е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој обврзник за плаќање за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставува до Управата за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образец МПИН.
  • Исплатувачот на приходите за надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите предвидени со закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа, примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва; примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции; примања на професионални спортисти-премии, трансфери и сл.; надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва; надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите; секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица, изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на приход, која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето приходот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

2. Физичко лице (резидент на Република Македонија)

  • примател на приход во земјата врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет; и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и за приходи остварени од повремено вршење на услуги на физички лица.
    Примателот на приходот во земјата, пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
  • примател на приход од странство врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход по основ на договор на дело, надоместок на член на орган на управување и органи на надзор во трговски друштва и сите горенаведени видови лични примања.
    Примателот на приходот од странство, пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен приходот).

Примателот на приходот во земјата и од странство, за секој остварен приход изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи (лични примања) во текот на 2018 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2019 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија