Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Даночен систем во Република Македонија

Малку историја

Што е фискален систем?

Што се тоа даноци?

Видови даноци

Малку историја

Во почетокот на 90-тите години, со воведување на новиот економски систем во Република Македонија се воведе и нов фискален систем, заснован на принципите на пазарна економија, приватна сопственост, самостојност на економските субјекти... Нов принцип кој е вграден во сегашниот фискален систем на Република Македонија е принципот на алокативна неутралност на даноците и буџетот, според кој, со инструментите на фискалната политика нема да се поттикнуваат и поддржуваат определени сектори.

Нов значаен принцип е укинувањето на поголемиот број придонеси и нивното заменување со даноци. Задржани се само придонесите за социјалните фондови, односно придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување. Се афирмира и принципот на префрлање на даночната оптовареност од директни на индиректни даноци, што значи намалување на учеството на даноците од доход, а зголемување на даноците на потрошувачка. Во оваа функција е и воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), од 1 април 2000 година, заменувајќи го претходниот данок на промет.


Што е фискален систем?

Фискален систем на една земја го подразбира системот на јавните расходи што се применуваат во таа земја.

Јавни приходи се приходите што ги прибира државата од граѓаните и стопанството и тие служат за покривање на јавните потреби, односно за потребите на државата и граѓаните.

Јавни расходи подразбира употреба на средствата прибрани од јавни приходите за покривање на јавните потреби на државата, за нејзино функционирање. За да може да ги извршува своите функции, државата треба да располага со финасиски средства.

Во повеќето земји постои и државна сопственост и државата прибира сопствени приходи од својот имот. Тие приходи најчесто не се доволни за да се покријат трошоците што ги прави државата во вршењето на своите функции, а се од интерес на граѓаните и на државата во целост. Затоа во сите земји, државите покрај приходите од својот имот, прибира и други приходи.

Едно од основните и традиционалните права на државата е да воведува обврска за граѓаните и фирмите да придонесуваат за покривање на јавните расходи, одвојувајќи дел од своите приходи и од својот имот. Најчесто прифатен принцип е дека секој граѓанин треба да учествува во јавните приходи според својата финансиска моќ. Овој принцип е содржан и во Уставот на Република Македонија, член 33:

„Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во
намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон„


Во Република Македонија јавните приходи се поделени на:

  • Приходи од државните и јавните претпријатија и институции
  • Даноци
  • Придонеси
  • Царини
  • Такси
  • Јавни заеми
  • Подароци и помош


Што се тоа даноци?

Даноците се јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби. Основната функција е фискална, но многу често даноците се користат за постигнување на определени економски и социјални цели.

Основни елементи на секој даночен систем се:

  • Предмет, објект на оданочување
  • Даночен обврзник
  • Даночна основица
  • Даночна стапка

1. Предмет на оданочување

Предмет на оданочување се: приходите, потрошувачката и имотот. Определување на предметот или објектот на оданочување, односно, кои даноци ќе се плаќаат, значи, истовремено определување и на видовите даноци.

Порано земјоделството било најважна дејност, а земјата најзначаен имот, предмет на оданочување главно била земјата и приходите од земјата, а подоцна и на другите имоти како што се зградите, капиталот, приходите. Со тек на времето значајно пораснала и улогата на потрошувачката, односно прометот. Државата посебно воведувала и наплатувала данок на некои производи на кои имала монопол, како што биле солта и тутунот. Државата наплаќала царини, трошарина, патарина и други слични давачки кои имат облик на данок на потрошувачка.

2. Даночен обврзник

Важно прашање за секој вид данок е - кој е даночниот обврзник, кој треба да го плаќа данокот? Носители на даночната обврска се фирмите и граѓаните. Притоа треба да се има предвид дека се прави разлика меѓу фирмите според големината.

3. Даночна основица

Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.

4. Даночна стапка

Даночната стапка е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдента даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 10% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.

Најчесто се пратикуваат два вида даночни стапки:

- Пропорционални и
- Прогресивни

Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.


Видови даноци

Поделба на даноците:

1. Даноци на доход

- Данок на добивка
- Персонален данок на доход

2. Даноци на потрошувачка
- Данок на додадена вредност
- Акцизи
- Царини

3. Даноци на имот

Со процесот на децентрализација во Република Македонија, од 30.06.2005 година, администрирањето на данокот на имот и комуналните такси го вршат општините, како единици на локалната самоуправа, и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа.


За повеќе информации во врска со оданочувањето во Република Македонија, изберете ја соодветната категорија во подменито.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија