Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Приходи од имот и имотни права (закупнина)

Дефиниција

Приходи од имот и имотни права се приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
Во приходите од имот и имотни права се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на кои се обврзал закупецот, односно подзакупецот да ги изврши за сметка на закуподавачот (адаптација, реновирање, сервисирање, поправки, соодветни вградувања на опрема, инсталации и слично).

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварува приходи од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот претставува нето приходот што се добива кога едногодишниот износ на остварениот приход во годината за која се утврдува данокот, ќе се намали за нормираните трошоци. Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот приход изнесуваат:

  • 25% од износот на приходот - доколку приходот го остварувате од издавање во закуп или подзакуп на неопремени станбени и деловни простории.
  • 30% од износот на приходот - доколку приходот го остварувате од издавање во закуп или подзакуп на опремени станбени и деловни простории.
  • висината на стварните трошоци - доколку документирано ги докажете истите. 

Даночна стапка

  • од 01.01.2008 година - стапката изнесува 10%

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

1. Ако закупопримачот е правно лице (исплатувач на приход кој води деловни книги), правното лице има обврска да врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за приходи од имот и имотни права.
Исплатувачот на приходот, пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на приходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
Исплатувачот на приходот изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на приход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

2. Ако закупопримач е друго физичко лице, обврска да врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход има примателот на приходот (физичко лице) за приходите од имот и имотни права остварени од издавање на имот во закуп или подзакуп, и тоа:

  • до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот.
  • до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање, во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец.

Примателот на приходот (физичко лице) пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
Примателот на приходот за секој остварен приход изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Физичко лице (резидент на Република Македонија) за приходот остварен од странство од закуп на имот во странство, исто така има обврска да поднесе Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија