Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Recnik
Приходи од капитални добивки (продажба на хартии од вредност, учество во капитал и недвижен имот)

Дефиниција

Капитална добивка е приходот што обврзникот го остварува од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот.
Капиталната добивка претставува разлика помеѓу продажната цена на хартиите од вредност, учеството во капиталот и недвижниот имот и куповната (набавната) цена.

Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност не се оданочуваат од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2018 година.

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварува добивка од продажба на хартиите од вредност, учество во капиталот и недвижниот имот.

Даночна основа

Основа за пресметување на персонален данок за приходите од капитални одбивки претставува разликата помеѓу продажната цена на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижниот имот и набавната (куповната) цена.
Капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот се внесува во даночната основа во висина на целиот износ.
Kапитална добивка остварена од продажба на недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата, се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата.
При утврдување на основата за пресметување на данокот од капитални добивки од продажба на недвижен имот, покрај добивката се земаат предвид и вредноста на инвестициите и издатоците за инвестиционо одржување.

Kапитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност и учество на капиталот, се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

1) Физичко лице (резидент на Република Македонија) врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за остварени капитални добивки во земјата и од странство, од продажба на:

  • хартии од вредност до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата;
  • учество во капитал до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата; 
  • недвижен имот до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е заверен договорот за купопродажба.

Примателот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен приходот).
Примателот на приходот за секој остварен приход изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи од капитални добивки во текот на 2018 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2019 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија