Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Добивки од игри на среќа

Дефиниција

Добивки од игри на среќа е доходот што обврзникот ги остварува со учество во игри на среќа уредени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои можат да бидат остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид..

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварило добивка од игри на среќа.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот на добивките од игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката.
Основа за пресметување на данокот на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.
Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа.
Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.
Данок на доход за добивките од општите игри на среќа не се плаќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари.
Ако поединечниот износ на добивката го надминува износот од 5.000 денари, данокот се пресметува врз целиот износ.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на добивки од игри на среќа се врши по стапка од 15%.

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход за добивки од игри на среќа.
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Исплатувачите на добивки од посебните игри на среќа се должни до Управата за јавни приходи да достават пресметка за бруто доходот и пресметаниот данок по одбивка за секој обврзник поединечно, кој остварил добивки од посебните игри на среќа најдоцна наредниот ден по денот на исплатата на доходот.
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето доходот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за добивки од игри на среќа од странство.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле добивки од игри на среќа во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија