Memorandum_mk
15.02.2011
Нови обрасци за пријавување на приходи од капитални добивки, од имот и имотни права, од самостојна дејност и други приходи

Ги информираме граѓаните / даночни обврзници на персоналниот данок на доход дека од 10 февруари 2011 година, задолжително треба да се применуваат новите обрасци – аконтативни даночни пријави со кои во Управата за јавни приходи се врши пријавување на:

* Формата и содржината на наведените аконтативни даночни пријави е пропишана со правилници објавени во „Службен весник на РМ", бр.15/2011.

Најновите измени се пред се во насока на поедноставување на даночните пријави според потребите на даночните обврзници, односно овозможуваат граѓаните полесно и поедноставно да ги пријават своите приходи во УЈП во неколку чекори.

Сите обрасци се редизајнирани согласно пропишаните стандарди на УЈП и истите се бесплатни, односно можат да се преземат преку интернет (кликни тука) или на шалтерите во УЈП.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија