Со цел поедноставување на постапките за одговор на редовните барања кои даночните обврзници ги доставуваат до УЈП, од 10.01.2012 година во примена се следните обрасци:
- Б/ОПД - Барање за одложено плаќање на даночен долг
- Б/ПДС - Барање за потврда за дадена донација/спонзорство
- Б/ППД - Барање за пренасочување на погрешно платен данок
- Б/ПД - Барање за поврат на повеќе/погрешно платен данок
- Б/ПБД - Барање за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок
- Б/ИДК - Барање за издавање на даночна картица
- Б/ППРДТ - Барање за поврат на повеќе/погрешно платена радиодифузна такса
- Б/ПР - Барање за препис на решение
- Б/ПРНД - Барање за потврда за регистриран/нерегистриран даночен обврзник
Користење на новите и унифицирани обрасци/барања кои се објавени на веб страницата на УЈП, ќе им овозможи на даночните обврзници добивање на побрза и поквалитетна услуга преку пополнување на точно бараните податоци наведени во обрасците.
Новите обрасци се во функција на промена на досегашната пракса за доставување на непотполни податоци од страна на обврзниците и барања од УЈП за доставување на дополнителни информации.