Memorandum_mk
30.06.2020
БАРАЊАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ 2020 СЕ ПОСТАВЕНИ НА СИСТЕМОТ Е- ДАНОЦИ и Е-ПДД

Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

За таа цел Управата за јавни приходи ги изготви и постави на системот е-Даноци образецот БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и го изготви и постави на системот е-ПДД образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност.

Во изминатиот период мерката за финансиска поддршка ја искористиле:

  • За април 2020 година вкупно 19.696 работодавачи , односно 5.707 самостојни вршители на дејност.
  • За мај 2020 година вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Корисни информации:

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија