FISCALIS 2013
Програмата Fiscalis 2013 е програма во рамките на Генералниот Директорат за даноци и царина (DG TAXUD), во времетраење од 5 години, од 1 јануари 2008 до 31 декември 2013 година.
Целта на оваа програма е да се зголеми соработката и размената на информации, како и најдобрите практики помеѓу даночните администрации. Исто така, помага да се создадат модули за електронско учење и ИТ алатки, со цел олеснување на размената на даночни информации.
Клучни области кои ги опфаќа програмата:
- Електронска контрола
- Данок на додадена вредност (ДДВ)
- Доброволно усогласување
- Административна соработка
- Управување со ризик
- Наплата на даноци и присилна наплата
- Административна стратегија за е – Даноци
- Взаемно разбирање и имплементација на даночната легислатива на ЕУ
TAIEX
TAIEX претставува техничка помош и инструмент за размена на информации, раководен од страна на Генералниот Директорат за проширување на Европската Комисија. TAIEX ги поддржува земјите кандидатки на ЕУ во однос на приближувањето, примената и зајакнувањето на ЕУ легислативата.
Во рамките на овој технички инструмент, Управата за јавни приходи доби експертска помош во делот на даночното сметководство.

