Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30    
Recnik
Преглед на образец
Барање за издавање на уверение за состојба на остварен доход
Кратко име: Б/УОД
Тип на данок: Данок на личен доход

Управата за јавни приходи издава уверение за состојба на остварен доход за даночниот обврзник на данокот на личен доход по претходно поднесено Барање (образец Б/УОД).

Барањето (образец Б/УОД) се поднесува во надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи.
Доколку Барањето (образец Б/УОД) се поднесува преку законски застапник или полномошник на барателот, во прилог на барањето се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на обврзникот да се преземаат дејствија во даночната постапка.
Уверението за состојба на остварен доход се издава за даночен обврзник на данокот на личен доход за остварениот доход за период до една календарска година и тоа според видови на остварен доход.
Напомена: За издавање на состојба на остварен доход за период од повеќе календарски години, се поднесува посебно Барање (образец Б/УОД) за секоја календарска година.

За издавање на уверение за состојба на остварен доход предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 100 денари (50 денари за барањето и 50 денари за уверението), освен ако не е пропишано ослободување од административни такси согласно Законот за административните такси.

За повеќе информации во врска со поднесување на барање и издавање на уверение за состојба на остварен доход кликни тука.

Pdf_16   Барање за издавање на уверение за состојба на остварен доход  (90 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија