Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на образец
Месечна пресметка за интегрирана наплата
Кратко име: МПИН
Тип на данок: Придонеси

Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој осигуреник, врз основа на пропишаната основица за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок и придонеси, и да ги достави до УЈП, наjдоцна до 10 во тековниот за претходниот месец..

Пресметката за плата обврзникот е должен да ја достави до Управата за јавни приходи во електронска форма (преку е-пошта или на електронски медиум), со задолжително користење “Софтверот за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок“.

При доставување на образец “МПИН“ за повеќе даночни обврзници преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk, пресметките за плата треба да ги пратите, одделно, за секој даночен обврзник. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Ве молиме, веќе еднаш доставената пресметка за плата да не ја праќате повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Податоците, исто така, можете да ги доставите и на електронски медиум (УСБ, ЦД...) до Регионалната дирекција/Даночното одделение/Даночниот шалтер на УЈП според седиштето на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси и персонален данок.
Обврзник кој има повеќе деловни единици (подружници) доставува само еден електронски oбразец МПИН, со податоци за вработените од сите деловни единици (подружници).

Практичното пополнување на “МПИН“ во специфични случаи кои може да се појават при изготвувањето на пресметките за плата е објаснето во интерактивните упатства (видео) кои можете да ги преземете тука.

Преземете и инсталирајте го клиентски софтвер.

Document   Клиентски софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок_од_23.01.2024  (2 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија