Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Преглед на образец
Даночна пријава на данокот на додадена вредност
Кратко име: ДДВ-04
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Даночните обврзници кои се обврзани за регистрација или кои доброволно се регистрирале за целите на данокот на додадена вредност, обврзани се да поднесат Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец "ДДВ-04") за секој даночен период (месец, тримесечје или година).
ДДВ-пријавата се поднесува во рок од 25 дена по истекот на соодветниот даночен период, до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk/ .
Напомена: Доколку ја доставувате ДДВ-04 по пошта истото треба да го направите на посебниот поштенски фах на Регионалната дирекција на УЈП, на која припаѓате (види поштенски фах тука).

ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.
Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста.
Во случај на промена на даночниот период, врз основа на поднесено и одобрено барање од УЈП, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е поднесено барањето, за периодот од почетокот на календарската година до крајот на месецот во кој е поднесено барањето.
Даночните должници кои неовластено искажале ДДВ во фактурите должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг.
Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште ниту подружница во Р.М.

Pdf_16   Превземи го документот  (314 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија