Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на отворен повик

Оглас за продажба на движни предмети-опрема по пат на усна јавна аукција
Тип на отворен повик: е-Аукции Датум на објава: 15.05.2009 

Управата за јавни приходи - Дирекција за големи даночни обврзници објавува

 

ОГЛАС
за продажба на движни предмети-опрема по пат на усна јавна аукција

 

Се продаваат по пат на усна јавна аукција движните предмети сопственост на АДГ Маврово Скопје и тоа:

ред. бр. Марка Тип  Бар код Цена  Локација
1 Кран Kоце Металец исправен монтиран  5020  0625000404  600.000,00 Скопје - нас. Аеродром
2 Кран МЕТАЛНА исправен демонтиран  хц 63 лм  0625000398  975.000,00 Скопје - нас. Аеродром
3 Кран МЕТАЛНА исправен демонтиран  хц 63 лм  0625000399  930.000,00 Скопје - нас. Аеродром
4 Кран МЕТАЛНА неисправен демонтиран  хц120лм  0625000396  975.000,00 Скопје - нас. Аеродром
5 Кран МЕТАЛНА неисправен демонтиран  хц120лм  0625000392  975.000,00 Скопје - нас. Аеродром
6 Кран МЕТАЛНА неисправен демонтиран  хц120лм  0625000394  975.000,00 Скопје - нас. Аеродром
7 Бетоњера Прогрес  АБ18  0625000286  600.000,00 Лепенец
8 Бетоњера Прогрес  АБ18  0625000061  740.000,00 Лисиче
9 Бетоњера Прогрес  АБ24  0625000288  740.000,00 Стоби
10 Бетоњера Прогрес  АБ35  0625000285  930.000,00 Тројаци
11 Бетоњера Прогрес  АБ35  0625000289  930.000,00 Битола
12 Бетоњера Прогрес  АБ35  0625000060  930.000,00 Таталичука
13 Бетоњера Прогрес  АБ24  0625000284  740.000,00 Кетеново
14 Бетоњера Прогрес  АБ35  0625000559  930.000,00 Струмица

Во цената на предметот не се вклучени дополнителни давачки и ДДВ. Трошоците за демонтажа и пренос на движните предмети паѓаат на товар на купувачот.

Предметите наведени во огласот се продаваат поединечно, на принципот видено купено, без никакви дополнителни рекламации.

Јавната аукција ќе се одржи на ден среда 20/05/2009 година, во просториите на Управата за јавни приходи - Генерална Дирекција (2-ри кат, сала за состаноци), ул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 (Комплекс банки), со почеток во 11.00 часот.

Движните предмети ќе може да се разгледаат на одредениот датум и време и тоа:

- реден број 1 до реден број 6 на ден понеделник/18.05.2009 година во Општина Аеродром на бул. Србија бб Скопје, од 10.00 до 11.00 часот;
- реден број 7 на ден понеделник/18.05.2009 година во базата на Маврово АД во Лепенец, од 13.00 до 14.00 часот;
- реден број 8 на ден вторник/19.05.2009 година во Браната Лисиче – Велес, од 8.30 до 9.30 часот;
- реден број 9 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Стоби - Велес, од 10.30 до 11.30 часот;
- реден број 10 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Тројаци, од 12.30 до 13.30 часот;
- реден број 11 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Битола, од 14.30 до 15.30 часот;
- реден број 12 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Таталичука –Валандово, од 09.30 до 10.30 часот;
- реден број 13 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Кетеново –Кратово, од 11.30 до 12.30 часот; и
- реден број 14 на ден вторник/19.05.2009 година во базата на Маврово АД во Струмица, од 13.30 до 14.30 часот.

Лицата заинтересирани за купување на движните предмети ќе може да учествуваат на усната јавна аукција доколку депонираат депозит во висина од 10% од утврдената почетна вредност на движниот предмет. Депозитот се уплаќа најдоцна ден пред одржувањето на усната јавна аукција на трезорска сметка бр. 100000000063095, депозитна (наменска) сметка бр. 090051567969610, со приходна шифра 725939 програм 20.

Купувачот на движниот предмет мора да го уплати износот за кој движноста му е продадена, во рок од осум дена од денот на заклучувањето на усната јавна аукција, во спротивно продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на поврат на депонираниот депозит.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија