Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен повик за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во Управата за јавни приходи
Тип на отворен повик: Волонтирање Датум на објава: 04.06.2014 

Врз основа на Програма за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2014 година бр.04-3700/1 од 02.06.2014 година и Одлука за ангажирање на волонтери – студенти во Управата за јавни приходи бр.04-3734/1 од 02.06.2014 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во
Управата за јавни приходи

 

Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери - студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати - студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените и хуманистичките науки, техничко – технолошките науки и природно – математичките науки, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:

Организациска единица број на волонтери
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ 5
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ СКОПЈЕ 2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ 3
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД 1
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИЛЕП 1
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО 1
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА 1
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР 1
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИЧЕВО 1
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС 1
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА 1
Вкупно: 30

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15 јуни до 15 септември 2014 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи: 1) Потврда за статусот на студент и 2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:
            Управа за јавни приходи
            Генерална дирекција Скопје
            Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје
            Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“
Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на интернет страницата на УЈП, заклучно со 10.06.2014 година (вторник).
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши Секторот за човечки ресурси врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија