Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.03/2014 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 31.12.2014 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/05...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...113/14), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година („Службен весник на РМ”, бр.180/13) и Одлука бр.07-9420/1 од 24.12.2014 година, Одлука бр.07-9419/1 од 24.12.2014 година и Одлука бр.07-9585/1 од 30.12.2014 година, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2014
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 17 извршител/и, за следните работни места:

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

 1)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Помлад даночен референт за прием и обработка на пријави во Одделение за утврдување на данок, Служба за прием и обработка на пријави, со завршен IV/VI степен средно или више образование, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 18,743.07 денари;

 2)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Виш даночен референт за инспекторско досие во Даночен инспекторат, Служба за евиденција на контролите, со завршен IV/VI степен средно или више образование, со најмалку 2 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 21,608.65 денари;

 3)

Еден (1) извршител/и на работно место Помлад даночен контролор во Даночен инспекторат, Служба за даночна контрола, со завршен IV/VI степен средно или више образование, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 22,837.08 денари;

4) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за извршување во Одделение за присилна наплата на данок, Служба за извршување (јавна аукција), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
5) Два (2) извршител/и на работно место Инспектор во Даночен инспекторат, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, со работно искуство во струката од најмалку 2 години од кои најмалку 1 година во областа на финансиите, со основна плата во нето износ од 35,938.83 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП

 6)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Помлад инспектор во Даночен инспекторат, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;

 7)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за извршување во Одделение за присилна наплата на данок, Служба за извршување (јавна аукција), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,758.11 денари;

 8)

Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за подготвителни дејствија во Одделение за присилна наплата на данок, Служба за подготвителни дејствија (попис, процена и заплена), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,758.11 денари;

9) Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за поврат, пренасочување и пребивање на данок во Одделение за утврдување на данок, Служба за поврат, пренасочување и пребивање на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,758.11 денари;
10) Еден (1) извршител/и на работно место Даночен советник за стечај во Одделение за правни работи, Служба за стечај, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Правен или Економски факултет, со најмалку 2 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 34,710.96 денари;
11) Еден (1) извршител/и на работно место Инспектор во Даночен инспекторат, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, со работно искуство во струката од најмалку 2 години од кои најмалку 1 година во областа на финансиите, со основна плата во нето износ од 35,938.83 денари;

 РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА/ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИЛЕП

 12)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Самостоен даночен советник за регистрација и услуги на даночни обврзници во Служба за регистрација и услуги на даночни обврзници, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Факултет од областа на Општествените науки, со работно искуство во струката од најмалку 3 години, со основна плата во нето износ од 35,120.25 денари.

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА/ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД

 13)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Помлад даночен агент за утврдување на данок во Служба за утврдување на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Факултет од областа на Општествените науки, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569,38 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА/ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ДЕМИР ХИСАР

 14)
 

Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за услуги, со завршен IV/VI степен на средно или више образование, без работно искуство во струката од најмалку 3 години, со основна плата во нето износ од 18,743,07 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО

 15)
 

Два (2) извршител/и на работно место Помлад инспектор во Даночен инспекторат, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
                 Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
                 бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
                 со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.3/2014“

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 2), 5), 7), 8), 9), 10), 11) и 12) за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1), 3), 4), 6,) 13), 14) и 15) за кои не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Избраните кандидати за работните места од групата на звања - даночен инспектор под реден број 5) и 11) за кои е предвидено работно искуство во струката ќе бидат подложени на пробна работа во времетраење од (6) шест месеци.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок, а за работните места во одделенијата/службите за регистрација и услуги на даночни обврзници и одделенијата/службите за утвдување на данок под реден број 1), 9), 12), 13) и 14) е утврден во две смени: во прва смена од 08:30 до 15:30 часот од понеделник до четврток, од 08:30 до 15:00 часот во петок и од 08:30 до 14:00 часот во сабота, а во втора смена од 10:00 до 18:00 часот од понеделник до петок.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија