Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавна објава бр.01 и 02 и Листа за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 17.12.2015 

Врз основа на член 44 став 8 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр.13/2006...154/2015) и член 86 и 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ”, бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, Комисија за прекршоци со Јавна објава бр.01 и 02 за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка, објавена во весникот „Дневник“ на 18 и 19 декември 2015 година ги повикува правните и физичките лица за кои е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка наведени во Листата (во прилог), во рок од осум дена да ги подигнат Известувањата за произнесување согласно член 63 од Законот за прекршоци, во просториите на УЈП - Регионална дирекција Скопје на ул.11 Октомври бр. 27, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот.
„Листата за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за: 1) Назив / Име на субјект; 2) Последна адреса на субјектот; 4) Број на известување; 5) Датум на известување.
Јавната објава ќе се огласи и во „Службен весник на РМ“ со што ќе се смета дека е извршена уредна достава на „Известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ од Листата бр. 25-18345/2 од 17.12.2015 година објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигнувањето на Известувањата и трошоците при спроведување на прекршочната постапка ќе ги сносат субјектите против кои се поднесени Барањата за поведување на прекршочна постапка.

Document   бр.25-18345/2_Листа за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка_17.12.2015  (174 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија