Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен повик бр.03 и Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 14.09.2016 

Врз основа на член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.124/15), Управата за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за уредно доставени решенија за присилна наплата
на радиодифузна такса

Врз основа на член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.124/15), на 5 и 6 септември 2016 година во дневниот печат „Дневник“, Управата за јавни приходи објави „Јавен повик за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр.01 и 02, со кои се повикаа обврзниците на радиодифузна такса наведени во Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса (УЈП бр.22-5344/1 од 02.09.2016 година) објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса, односно доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.
Со оваа објава во „Службен весник на Република Македонија“ се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса до обврзниците на радиодифузна такса наведени во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ (УЈП бр. 22-5344/1 од 02.09.2016 година) објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici

Document   Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса бр.22-5344/1 од 02.09.2016   (4 MB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија