Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавна објава за уредна достава на налози за надворешна контрола по Закон за финансиска дисциплина
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 15.09.2016 

Врз основа на член 44 став 8 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр.13/2006...23/2016) и член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ”, бр.124/15), Управата за јавни приходи-Регионална дирекција Кавадарци, Даночен инспекторат врши

ЈАВНА ОБЈАВА
за уредна достава на налози за надворешна контрола
по Закон за финансиска дисциплина

Управата за јавни приходи-Регионална дирекција во Кавадарци, Даночен инспекторат соопштува на наведените правни лице дека по извршената надворешна контрола по Законот за финансиска дисциплина, има изготвено Записник од надворешна контрола, Записник за сторен прекршок и Прекршочен платен налог кои не е во состојба да ги достави, затоа што седиштето на правниот субјект не е познато на органот чие писмено се доставува, и тоа:

  • Налог за надворешна контрола бр.2618-1/08160-40121 од 20.05.2016 година, за правното лице Медитерениен трајдинг корпорејшен Ахилеас и др. ДОО Гевгелија, со седиште на бул.Гевгелија бр.119 Гевгелија со ЕДБ 4006995106712; и
     
  • Налог за надворешна контрола бр.2618-1/08160-40153 од 04.07.2017 година, за правното лице Анни текстил ДООЕЛ с.Јосифово Валандово, со седиште на ул.Маршал Тито бр.69 с.Јосифово Валандово, со ЕДБ 4003012502005.

Се повикуваат наведените правни лица во рок од 10 (десет) дена да го подигнат Налогот за надворешна контрола и останатите акти во просториите на УЈП - Регионална дирекција Кавадарци, со седиште на ул.Едвард Кардељ бб Кавадарци, секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.

Согласно член 84 став 6 од Законот за општата управна постапка, овој начин на доставување се смета за уредна достава и доколку повиканото лице не го стори тоа негативните последици кои можат да настанат ќе ги сноси самата странка.

Pdf_16   Јавна објава за уредна достава на налози за надворешна контрола по Закон за финансиска дисциплина бр.10-5510/1 од 14.09.2016  (66 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија