| Година: 2023Број: 01
 Тип: Јавна објава
 Наслов: Јавна објава за уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
 Датум на издавање:22.02.2023 година
 Институција: Управа за јавни приходи
 Бр. 29-988 од 22.02.2023 година
 
 Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп, објавува,
 ЈАВНА ОБЈАВА за уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
   Се повикуваат правните лица, одговорните лица и физичките лица во рок од осум дена да ги подигнат записниците за сторен прекршок и прекршочните платни налози по електронски пат со испраќање на е-пошта: Cena.Matevska-Duza@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Прилеп, ул.Прилепски Бранители бб. Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на следните „записник за сторен прекршок“ и ,,прекршочен платен налог,, за правни и одговорни лица (види линк) |