Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Даночни поволности за инвестирање во ТИРЗ

Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) е слободна зона од аспект на даночните закони во Република Македонија. Секое домашно или странско физичко или правно лице - корисник на ТИРЗ може да ги користи даночни поволности преку инвестирање во зоната.

Даночни ослободувања и олеснувања

  • Данок на добивка - Корисникот на зоната е ослободен од плаќање данок на добивка за период од 10 години, доколку во рок од две години по годината на добивање на решението за започнување со работа под услови утврдени со закон го започне вршењето на дејноста во зоната.
    *** Задржан данок - Корисниците на ТИРЗ кои вршат исплата на приходи кон странско правно лице во Република Македонија или во странство, должни се истовремено со исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот во висина од 10%, освен ако поинаку не е регулирано со Меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување (види повеќе за задржан данок тука).
  • Персонален данок на доход - Корисникот на зоната е ослободен од плаќање персонален данок на доход по основ на плати на вработени лица за период од 10 години, од започнувањето на вршење на дејност во зоната, односно од првиот месец во кој корисникот ќе изврши исплата на плата, без разлика на бројот на вработени лица.
  • Данок на додадена вредност - Корисникот на зоната е ослободен од ДДВ за прометот на добра и услуги во ТИРЗ (освен прометот наменет за крајна потрошувачка) и за увозот на добра во ТИРЗ (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка).

Услови за користење на даночните поволности

Корисникот на зоната треба:

  • да врши нова дејност и тоа: производна дејност; дејност од областа на информатичката технологија (изработка на софтвери, склопување хардвер, дигитални записи, компјутерски чипови и сл.), научно истражувачка дејност и производство засновано на нови технологии со високи еколошки стандарди; услуги кои се директно поврзани со увоз на добра кои се внесуваат во зоната (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка);
  • да нема ненамирени пристигнати даночни или царински обврски;
  • да не е отворена стечајна постапка над него; и
  • да поднесе Барање за остварување на даночни ослободувања и олеснувања (по сите основи) до Управата за јавни приходи преку Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Рок и потребна документација

Корисникот на зоната Барањето го поднесува до Управата за јавни приходи преку Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони најдоцна до 31 март во тековната година, за секоја претходна година од работењето во зоната за која се користат даночните ослободувања и олеснувања. Кон барањето корисникот на зоната е должен да ги достави следните докази:

  • Договор за вршење дејност со основачот на зоната;
  • Решение од Царинската управа за исполнување на условите за вршење на царински надзор согласно со Царинскиот закон и Решение донесено од Дирекцијата за ТИРЗ за започнување со работа на корисникот;
  • Годишна сметка и даночен биланс за претходната година заедно со образец СПД - Структура на приходите по дејност;
  • Доказ од Централниот регистар за тековна состојба на бонитетот на корисникот (не постар од шест месеци);
  • Уверение издадено од надлежен орган дека корисникот на зоната нема пристигнати, а ненамирени даночни и царински обврски; и
  • Уверение издадено од надлежен суд и Централниот регистар дека над корисникот на зоната не е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација;
  • Потврда од основачот на зоната дека нема пристигнати, а ненамирени обврски согласно тарифникот за надоместоци за извршени услуги на основачот и тарифникот за надоместоци за извршени услуги на корисникот; и
  • Корисниците кои имаат склучено повеќе договори за доделување на државна помош за продуктивни почетни инвестиции должни се да достават и решение издадено од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија или Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони или министрите без ресор задолжени за привлекување на странски инвестиции.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија