Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Одлагање на плаќањето на даночен долг

Одлагање на плаќањето на даночен долг е постапка за доброволно исполнување на обврската за плаќање на доспеан неплатен даночен долг, при што на должникот му се овозможува олеснување на плаќањето на долгот.

Олеснување на плаќањето

При одлагање на плаќањето на даночен долг на должникот му се олеснува плаќањето преку:

  • неспроведување (прекинување или незапочнување) на постапка за присилна наплата на долгот и
  • исплата на долгот во најмногу 36 еднакви месечни рати или еднократно одлагање на плаќањето на даночниот долг најмногу до шест месеци.

Причини за одлагање на плаќањето

Должникот може да бара одложено плаќање на даночниот долг заради следните причини:

  • извршувањето на даночните обврски би го нарушило неговото деловно работење
  • извршувањето на даночните обврски му претставува значително оптоварување и/или
  • со плаќањето му се нанесува битна штета.

Услови за одлагање на плаќањето

  • Управата за јавни приходи, ќе го одложи плаќањето на даночниот долг имајќи ги предвид редовноста на даночниот должник при исполнувањето на даночните обврски, видот и обемот на штетата на даночниот обврзник која би настанала од извршувањето на даночниот управен акт, односно од нарушувањето на процесот на неговото деловно работење.
  • Одложеното плаќање е условено со гаранција за обезбедување на плаќањето.
  • Условите утврдени во даночното решение за број, износ и рок за плаќање на месечната рата, односно рок за плаќање при еднократното одлагањена плаќањето, се обврзувачки за должникот.
  • За времетраење на одложеното плаќање се пресметува камата согласно закон.

Други олеснувања на плаќањето

За времетраење на одложеното плаќање на даночен долг, должникот може да поднесе барање за:

  • промена на бројот на преостанати рати
  • замена на гаранцијата по вид или по висина
  • засметување на новодоспеан долг во одобреното одложено плаќање, без или со нова гаранција за обезбедување на плаќањето.

За сите прашања околу поднесување на барање за одлагање на плаќањето на даночен долг, потребните докази, прифатлива гаранција за обезбедување на плаќањето и др., подетално информирајте се преку брошурата "Одложено плаќање на даночен долг – Сè што треба да знаете за одложеното плаќање на даночен долг"
(види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/76)
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија