Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28          
Recnik
Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)

Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија се издава за платени, односно неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување (во натамошниот текст: ППИО) за состојба во бараниот период (календарска година/и), со цел да послужи како доказ за регулирање на стаж врз основа на кој се решава за правото за остварување на пензија пред ФПИОСМ, само за:

  1. Земјоделец во период/и од 1978 до 2001 година;
  2. Самостоен вршител на дејност оданочуван со годишен паушален износ во период/и 1984 до 2001 година; или
  3. Самостоен вршител на дејност оданочуван по вистински доход во период/и 1983 до 1997 година.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ

Барањето за издавање на уверение се поднесува на образец Б/УПД.
Уверението за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија се издава само доколку Барањето (образец Б/УПД) е поднесено за цели (основ) на остварување на право на „Пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)“.
Барањето (образец Б/УПД) се поднесува во писмена форма во два идентично пополнети примероци во надлежната организациона единица на УЈП (РД/ДО/ДШ).

Барањето (образец Б/УПД) може да го поднесе лично странката, законскиот застапник или полномошник на странката или службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката.

  • Доколку Барањето (образец Б/УПД) се поднесува преку законски застапник или полномошник на даночниот обврзник, во прилог на барањето задолжително се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на обврзникот да се преземаат дејствија во даночната постапка.
  • Доколку Барањето (образец Б/УПД) се поднесува од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, доказот за согласност од лицето за употреба на личните податоци во постапката на прибавување на податоци за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки по службена должност го обезбедува јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката во согласност со Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

Во Барањето (образец Б/УПД) задолжително се пополнуваат бараните податоци за даночниот обврзник за кого се поднесува барањето, за периодот за кој се бара издавање на уверение и задолжително се избира основ - „Пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)“ поради кој се бара издавање на уверение.

За издавање на Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија не се наплаќаат административни такси согласно член 18 став 1 точка 12 од Законот за административни такси, односно за списи и дејства за остварување на правата од здравственото, пензиското и инвалидското осигурување.

Прилози
Во прилог на Барањето (образец Б/УПД) задолжително се поднесува копија од документ/и (објаснето погоре) со кои ќе може да се потврдат податоците во барањето. Доколку во прилог на барањето се доставува документ кој не е наведен, во полето “Друго“ се впишуваат податоци за документот (назив, број, датум и надлежниот орган кој го издал).

Отстранување на формални недостатоци на барањето
Доколку во Барањето (образец Б/УПД) не се наведени податоците за идентификација на даночниот обврзник, не е означен ниту еден основ или се означени повеќе основи за поднесување на барањето, не е наведен периодот за кој се бара издавање на уверение, не се приложени други докази (во случаите кога тоа е потребно), или доколку барањето не е потпишано, се смета дека барањето има формални недостатоци.

УЈП доставува Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставување на известувањето, подносителот да ги отстрани формалните недостатоци.
Отстранувањето на формални недостатоци, подносителот го врши со поднесување на „Исправка“ на Барање (образец Б/УПД). При поднесување на новото барање се означува полето „Исправка“ и се пополнува „Број“ на прием на барањето за кое се врши исправка. Исправката не се врши преку искажување на разликите во податоците, туку преку искажување на целосни и точни податоци.
Доколку подносителот не ги отстрани формалните недостатоци во определениот рок од Известувањето за формални недостатоци на поднесок, УЈП донесува Решение за отфрлање на поднесок.

Доколку Барањето (образец Б/УПД) е поднесено за лице кое не е или не било регистрирано во Единствениот регистар на даночни обврзници на УЈП, односно не поседува или не му бил доделен Даночен идентификационен број во РСМ (ЕДБ или ЕМБГ) во периодот наведен во барањето, ќе се смета дека таквото лице не е регистрирано и нема статус на даночен обврзник во УЈП, поради што се издава Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник, со која ќе се потврди ваквата фактичка состојба.

ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СОСТОЈБА НА ПРИДОНЕСИ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ПЕНЗИЈА

УЈП издава Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на поднесување на Барањето (образец Б/УПД) во писмена форма.
Рокот за издавање на Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија по службено Барање (образец Б/УПД) поднесено од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката е 7 (седум) дена од денот на приемот на службеното барање поднесено во писмена форма.

Напомена: УЈП не издава Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија, за: 1) лице со правна форма – ДООЕЛ; 2) лице кое ги исполнува условите за остварување на право на пензија и располагаат со пополнет М-4 образец; 3) лице вработено кај самостоен вршител на дејност; 4) лице за кое претходно е издадено уверение.

Доколку обврзникот не се согласува со податоците наведени во уверението, потребно е да се обрати Управата за јавни приходи во рок од 3 (три) дена од добивањето на истото, со приложување на докази.
Доколку обврзникот нема забелешки и не реагира на точноста на податоците во наведениот рок во издаденото уверение, се смета дека се согласува со истите.
Доколку даночниот обврзник врз основа на доказите со кои располага смета дека уверението не содржи податоци за фактичката состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки, може да бара од УЈП измена на уверението или да му се издаде ново уверение. Во ваков случај, УЈП врши измена на уверението или издава ново уверение.
За извршената измена или издавање на ново уверение, не треба да се врши уплата на административна такса.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија