Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Данок на добивка

Даночните ослободувања се состојат во намалување на даночната основа по основ на реинвестирана добивка и намалување на пресметаниот данок

  • Под реинвестирана добивка се подразбира добивката остварена со годишна сметка од претходната година која по пат на распределба е издвоена за инвестиции и која во наредната година е вложена за инвестициски вложувања од добивката за развојни цели и тоа: вложувања во материјални средства (недвижности, постројки и опрема), вклучително и вложувањата во материјални средства набавени преку финансиски лизинг, како и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за проширување на дејноста на даночниот обврзник, освен вложувања во патнички автомобили, мебел, теписи, аудио визуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други вложувања кои служат за административни цели.

Намалување на пресметаниот данок

Намалувањето на пресметаниот данок се извршува за:

  • износот на одобреното даночно ослободување за набавени и ставени во употреба до 10(десет) фискални системи на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување;
  • износот на данок содржан во оданочени приходи/добивки во странство (задржан данок) до пропишаната стапка;
  • износот на данокот кој го платила подружницата во странство, за добивката што е вклучена во приходите на матичното правно лице во Република Северна Македонија до висината на данокот утврден според даночната стапка во Република Северна Македонија.
  • износот на пресметаното даночно олеснување за дадена донација на спортски субјекти: националните спортски федерации, спортските клубови, други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, како и активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови кои таквиот статус го стекнале според услови и критериуми пропишани во Законот за спортот.

Даночни ослободувања кои се пропишани за посебни категории на даночни обврзници, регулирани со прописите со кои се регулира нивното основање и работење

  • Заштитните друштва, за вработување на инвалидизирани лица (согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица);
  • Стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено поправните установи (согласно одредбите од Законот за извршување на санкции); и
  • Технолошко индустриските и развојни зони (во период од 10 години под услови и постапки утврдени со Законот за технолошки индустриски и развојни зони).
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија