Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок

Во даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок спаѓаат:

  • испораки на добра во странство, ако примателот на добрата е со седиште во странство;
  • прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат во слободни зони, царински зони или царински складови. Прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободните зони не е ослободен од ДДВ, доколку вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет без ДДВ е еднаков или помал од 60.000 денари;
  • услуги поврзани со извозот, увозот или транзитот на добра;
  • работи на движни материјални добра кои биле набавени или увезени во земјата за таа цел и потоа биле извезени;
  • услуги од страна на посредници за дејностите ослободени од ДДВ со право на одбивка;
  • прометот на злато и други благородни метали спрема централни банки;
  • прометот, модификацијата, поправката, одржувањето, чартерингот и изнајмувањето на летала кои се користат главно во меѓународниот комерцијален воздушен сообраќај, како и испораката, изнајмувањето, поправката и одржувањето на добрата кои служат за опремување на леталата;
  • промет на добра и услуги кој служи за подмирување на непосредните потреби на леталата;
  • меѓународниот воздушен превоз на патници во воздушниот сообраќај; и
  • прометот на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци. Кај проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведуваат во услови на децентрализирано управување, даночното ослободување се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија