Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Даночно намалување

Даночното намалување се користи при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија.
Даночното намалување за наредната година се утврдува врз основа на износот на даночното намалување од тековната година усогласено со 50% од стапката на остварениот пораст на просечната бруто-плата по вработен во Република Македонија во минатата година, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Износот на даночното намалување, пред почетокот на секоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии.

При пресметување на годишниот данок на доход, даночното намалување се признава во висина на искористеното право на даночно намалување при аконтативното пресметување на данокот на доход за вкупно исплатениот доход од плата, надоместоци на плата и пензија.

Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход изнесува 108.456 денари. 

*** До 31.12.2018 година се користеше терминот лично ослободување согласно Законот за персонален данок на доход.

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ

Годишното даночно намалување е ослободувањето што го остварува обврзникот на персонален данок на доход при годишно пресметување на данокот на доход во Годишната даночна пријава или во Годишниот даночен биланс и кое во месечни износи го користат примателите на плата.

Износот на годишното даночно намалување го објавува Министерот за финансии и истото пред почетокот на секоја година се валоризира со планираниот пораст на нето платите на вработените во Република Северна Македонија.

Одберете година
Преглед на лично ослободување за 2014 година
Врз основа на член 11 став 2 од Законот за персонален данок на доход ("Сл. Весник на РМ број 80/93....166/12 година" ), Министерот за финансии донесе Објава број 19 - 40256/2 од 25.12.2013 година во "Службен весник на РМ" број 189/2013 со која се утврдува: 1. Личното ослободување за 2014, утврдено во чен 10 став 1 точка 3 од Законот за персонален данок на доход на годишно ниво изнесува 87.315,00 денари. 2. Личното ослободување за 2014, по основ на лични примања од плата и пензија, согласно член 15-а став 2 од ЗПДД, на месечно ниво изнесува 7.276,00 денари.
Година Број на објава Датум на објава Сл. весник број Годишно лично ослободување Месечно лично ослободување
2014 19-40256/2 31.12.2013  189/2013 87315.00 денари 7276.00 денари
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија