Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на повластени даночни стапки
Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад

Реден број Глава / Тарифен број Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа
1.

а) како услуги за одржување на јавната чистота се сметаат: рачно и машинско метење и миење на јавните сообраќајни површини, коловози, велосипедски и пешачки патеки, автобуски и железнички станици и постојки, аеродроми, пристаништа, тротоари, детски игралишта, плоштади, кејови, мостови, надвозници, подвозници, надземни и подземни пешачки премини, скалила и премини кои поврзуваат сообраќајници и јавни објекти, услуги на чистење на подлоги од јавни и протоколарни манифестации, расчистување на диви депонии, услуги на чистење на јавни сообраќајни површини од растурен отпад и од сообраќајни несреќи, услуги на чистење на јавни зелени површини, услуги на чистење на гробишта, услуги на чистење на пазари, услуги на чистење на зоолошки градини, услуги на чистење на спортски рекреативни објекти (стадиони, хиподроми, стрелишта и др.), услуги на чистењето на јавни капалишта, услуги на чистење на гранични премини, услуги на изнесување на фекалии и фекални води, услуги на носење на вода, услуги на користење на јавни тоалети, услуги на подигање на згазени и пцовисани животни и ловење на животни - скитници и нивно транспортирање и престој во стационар, услуги на чистење на канали и прокопи, водотеци, суводолици, реки и езера и услуги на чистење на снег и мраз, одржување на јавна чистота во вонредни и во услови на елементарни непогоди и услуги на чистење на отворени простори околу други јавни објекти и услуги на чистењето на други објекти и објекти на комунална инфраструктура.

б) како услуги на отпремување на отпад се сметаат: управување и постапување со отпад, транспортирање, селектирање, третирање, отстранување, собирање, складирање, депонирање и горење и/или согорување на комуналниот, индустриски неопасниот, опасниот, биоразградливиот, медицинскиот отпад и отпадот од пакување. Значењето на употребените термини за даночни цели се определува според значењето определено со Законот за управување со отпад и посебните закони кои го уредуваат постапувањето со посебните видови отпад


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија