Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Мислења Данок на личен доход (ДЛД)

Прашањата поставени од даночните обврзници и мислењата дадени од УЈП се прикажани во нивната изворна форма. Мислењата на УЈП се засноваат на одредбите од Законот за данокот на личен доход (ЗДЛД), но истите не претставуваат толкување на законот, од причина што надлежен орган за давање на овластено толкување на закони е Собранието на Република Севарна Македонија. Доколку мислењата се од претходни години, потребно е да се има во предвид дека може да има измени во одредбите и треба да се провери дали истите наведени во мислењето се уште се во сила. Доколку има промени во одредбите на законските и подзаконските акти врз кои се базира одредено мислење, истото повеќе не е применливо во тој дел или во целост.

  1. Дали и колку има даночно ослободување за плаќање на персонален данок на личен доход за авторско дело во областа на кинематографија за режисер , сценарист, директор на фотографија , за проекти кои не се опфатени со закон за филмска дејност и не се од јавен интерес ( конкретно станува збор за комерцијален ТВ проект). Дали и кој го дефинира јавниот интерес на проектот и дали е потребно да се има некаков документ /одлука за да се доказе /потврди дека истиот проект е од јавен интерес.
    »»» ОДГОВОР

  2. Здраво,

    Би сакал да знам доколку поседувам Крипто валута која не е предходно купена туку е ископана со помош на електронски уред(мајнери),како ке се пресметува данокот доколку ја продадам ? Дали треба 10 проценти данок на добивка?Потоа за колку време треба да го платам данокот и дали може електронски?
    »»» ОДГОВОР

  3. Почитувани,

    Моето дете студира на колеџ. Подолу е известувањето со кое бараат да им платиме персонален данок на доход за попуст добиен на износот на школарината, а тие ќе го уплатат во УЈП преку е-пдд.
    Ве молиме, да ни одговорите дали согласно Законот за персонален данок на доход ние сме обврзани да ја извршиме уплатата на персонален данок?
    Однапред Ви благодариме!

    »»» ОДГОВОР

  4. Почитувани,

    Прашањето се однесува за потребата за поднесување на аконтативна пресметка на доход од капитал (дивиденда) од акумулирачки фондови - Exchange Traded Fund (ЕТФ).

    Имено, дистрибуирачките и акумулирачките ЕТФ-и се видови на инвестициски фондови чии удели може се тргуваат преку овластени учесници на берзите во странство, и од кои резидентите во МК може да купат удел преку овластениот учесник на берзите во странство.
    Дистрибуирачките ЕТФ-и добиваат дивиденда од компаниите во кои имаат инвестирано и таа дивиденда ја дистрибуираат на сопствениците на удели во фондот (ја исплаќаат на сметка на сопственикот на удел). На ваков начин примената дивиденда, резидентите во МК (кои поседуваат удел во фондот) имаат обврска соодветно аконтативно да ја пријават во УЈП преку системот Е-ПДД во даден временски рок.
    За разлика од дистрибуирачките ЕТФ-и, акумулирачките ЕТФ-и НЕ исплаќаат дивиденда на сопствениците на удели во фондот (нема никаков пренос на средства на сметка на сопственикот на удел). Дистрибуирачкиот ЕТФ, дивидендата која ја добива од компаниите во кои има инвестирано, наместо да ја исплати на сопствениците на удели во фондот, ја реинвестира во самиот фонд.

    Прашањето е: дали јас како даночен резидент во МК, доколку поседувам удел во ваков акумулирачки фонд (ЕТФ), кој не исплаќа дивиденди, имам некаква обврска спрема Управата за јавни приходи во однос на ваквата неисплатена дивиденда?
    »»» ОДГОВОР

  5. Почитувани,

    Дали трошоците направени за организација на настан - team building, се даночно признати, во поглед на ДЛД?Настанот се организира за вработените лица со цел мотивација и зближување на вработените, со крајна цел нудење подобра услуга на клиентите.
    Дали се пресметува персонален данок на вработените - учесници на настанот?

    »»» ОДГОВОР

  6. Почитувани,

    Ве молиме за одговор на следното прашање:

    Фирма која што се занимава со производство на храна и зачини, одлучи на своите успешни менаџери да ги вклучи во исплатата на дивиденда од добивката за 2022 година.
    Менаџерите не се Управители во друштвото и не се запишани во тековната состојба на друштвото, туку се вработени во друштвото на работни места менаџер за продажба и менаџер за развој.
    Дали исплатата на дел од дивиденда на овие менаџери подлежи на оданочување само со данок на личен доход од 10%?

    Со почит,
    »»» ОДГОВОР

  7. Почитувани,

    Bи сакала да Ве прашам дали по судска одлука да се плати надомест на Претседател на управен одбор пред 2015 година дали кога ќе се исплати, треба и персонален данок?
    »»» ОДГОВОР

  8. Почитувани,

    Фирмата работејќи на терен за потребите на клиентот др. фирма, на земјиштето на физички лица направила штета. Работено е на далекуводи, чии столбови се на земјиштето на физичките лица и при самиот пристап и работењето со механизација, направено е штета на земјиштето.

    При исплата на штетата дали се пресметува персонален данок.

    Поздрав
    »»» ОДГОВОР

  9. Почитувани,

    Дали надоместокот за користење сопствен автомобил за службено патување во земјата и во странство над 3.500 денари ќе се оданочи со данок на личен доход согласно Член 12 точка 17 од Законот за данок на личен доход.
    Лицето ќе користи сопствен автомобил за службено патување во странство и трошокот за гориво ќе го надмине износот од 3.500 денари. Во тој случај дали ќе треба да се плати данок на личен доход.

    Со почит
    »»» ОДГОВОР

  10. Почитувани,

    Дали за исплата на надоместок за одвоен живот за здраствени работници трба да се плаќа данок на личен доход или не, согласно член 12 став 18 од Закон за данок на личен доход?
    Обврската за исплата за надомест за одвоен живот за здраствени работници не е предвидена во Законот за извшување на буџет, туку е во колективниот договор за здраствена дејнсот и изнесува 60% од просечна плата во РМ за последните три месеци.

    »»» ОДГОВОР

  11. Почитувани,

    Трговско друштво регистрирано за Обработка и отстранување на цврст отпад , има Дозвола од Министерство за животна средина и просторно планирање за вршење на дејноста за кое е регистрирано.
    Трговското друштво врши откуп на цврст отпад ( отпадни катализатори од возила) кои механички ги обработува и кои понатаму се наменети за извоз (поседува Согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање за извоз на отпадот).
    Отпадните катализатори ги откупува од физички лица.
    Дали при откупот трговското друштво како исплатувач на приход има право основата за ДЛД да ја пресметува согласно член 73 став 2 од Законот за ДЛД односно намалена за 50 % ?

    »»» ОДГОВОР

  12. Почитувани,

    Се обраќам до Вас, од името на британската фирма за која работам, со барање за мислење и насоки за
    постапување во врска со нивниот даночен статус во Р.С.Македонија.
    Како државјанин на В. Британија, низ годините бев вработен во британски фирми, со полно работно време (не со договор на дело). Бидејќи имам постојано живеалиште во Р. С. Македонија, според Договорот за одбегнување на двојно оданочување помеѓу В. Британија и Р. С. Македонија, Управата за јавни приходи од В. Британија ми одобри да не плаќам даноци во В. Британија, туку во Р. С. Македонија.
    Сега се вработив во нова британска фирма и тие се загрижени дека мојата работа како програмер од Р. С. Македонија може да се смета како „постојана деловна единица“ или може да значи даночни импликации за нив, на пр. доколку моето присуство се смета како нивна канцеларија од Р. С. Македонија. Но, канцеларија не постои, ниту имам овластувања за делување во Р. С. Македонија од иметонакомпанијата. Би бил благодарен доколку ми потврдите дека британската фирма нема да подлежи на даноци воР.С.Македонија
    »»» ОДГОВОР

  13. Здраво,

    Имам прашање во врска со трансфер на средства од банкарска сметка на едно физичко лице до друго физичко лице. Се работи за член на фамилија кој треба да префрли средства за помош при купување на станбен простор. Дали овие средства може да се префрлат без проблем или постои некое ограничување?
    Дали за истиот трансфер би требало да се плати данок на подарок или слично?
    Дали има ограничувања во поглед на сумата?

    »»» ОДГОВОР

  14. Почитувани,

    Фирмата дава рекламен материјал со лого на фирмата (пенкала, тетратки, торби) со мала вредност континурано цела година со цел да се подобри продажбата. Од влезната ф-ра од рекламниот материјал не се одбива ДДВ и на крај на година целосно се оданочуваат со данок од добивка. Рекламниот материјал се дава и на правни и физички лица. Дали при давањето на рекламниот материјал на физичките лица треба да се пресмета персонален данок.
    Благодарам на соработката.

    »»» ОДГОВОР

  15. Почитувани,

    Ве молиме за одговор на следното:

    Работникот кој заснова работен однос на 27.01.2023, на полно работно време и на определно од 6 месеци, спогодбено го раскинува договорот за вработување порано односно на 10.04.2023 година.
    Работодавецот донесува Спогодба за раскинување на договорот за вработување цитирам член од спогодбата:
    Работодавачот и Работникот се договорија со оваа спогодба да го раскинат Договорот за вработување со што на Работникот спогодбено му престанува работниот однос заклучно со ден 10.04.2023 година.
    Работодавачот ќе му исплати на Работникот еднократна финансиска бенефиција во вкупен бруто износ од 115.000 денари.
    Работодавачот ќе му ја исплати на Работникот платата заклучно со датумот на престанок на работниот однос.
    Ве молам за одговор дали износот од 115.000 денари треба да се исплати преку плата или преку е-пдд со данок на личен доход.

    Со почит,
    »»» ОДГОВОР

  16. Почитувани
    Правно лице Д.О.О основано од двајца основачи,едниот основач има поголем паричен влог и истиот сака да го повлече. Во случајот согласни се двајцата основачи (физички лица – резиденти). Повлекувањето е со намалување на основна главнина.
    Еден од оснивачите внесениот влог од 22.000 евра го повлекува но само 20.000 евра а останатите 2.000 евра остануваат како влог во друштвото. Прашањето е дали износот што ќе си го повлече основачот,подлежи на оданочување ?

    »»» ОДГОВОР

  17. Почитувани,

    Доколку според Закон за облигациони односи е склучен Договор за одстапување на фирма дооел со еден основач/содружник на друг содружник, со надоместок од 140.000 евра, колку и кој данок треба да се плати на УЈП и кој е должен да го плати, дали содружникот кој истапува или содружникот кој пристапува.
    Нагласувам дека и содружникот кој пристапува и содружникот кој истапува се физички лица, а се одстапува фирма со разработен бизнис со издавање на недвижности каде фирмата која се одстапува има во сопственост деловни простории од 70м2.

    Благодарам,
    »»» ОДГОВОР

  18. Лице кое е ИЗ и има регистрирано семејна вијнарија, добива неповратни средства од државата за набавка на опрема за винаријата. Исто така добива и средства за исплата на консултантски услуги од Енолог. Прашањето ми е, кога ке го плати Енологот дали треба да се плати персонален данок, и ако треба кој треба да го плати. Дали плакањето оди со налог ПП 50 и на која сметка треба да се плати.
     »»» ОДГОВОР

  19. Почитувани,
    Фирма од МК која е ддв обврзник , добива влезна фактура од странство , за семинар. Фактурата е од Американска фирма а семинарот ќе се извршува со физичко присуство во Финска. Семинарот е во функција на дејноста на фирмата и за истиот ќе има соодветни пропратни документи : патен налог, сметки и сл...за вработениот од фирмата од мк. Влезната фактура е со вкалкулирано странско ддв. Од странство се инсистира фактурата да се плати со вкалкулирано ддв.
    Дали за оваа фактура треба да се пресмета персонален данок?

    »»» ОДГОВОР

  20. Почитувани,

    Нашата компанија сака да организира еден вид на наградна игра која би била од типот на: со сметка над 1000 денари се добива купон со кој се учествува во извлекување на добитник на вредносен ваучер. (Ваучерот би се користел во наш
    ите продавници) Прашањето ми е дали е потребно да се евидентира ваков тип на наградна игра во УЈП или некоја др.финансиска институција, и дали при издавање на ваучерите е потребно да се плати персонален на физичкото лице или може да се оданочи на крај на година со даночен биланс? И каква е постапката при организација на ваков тип наградна игра?

    Со почит,
    »»» ОДГОВОР

  21. Кога вработен плаќа трошок на претпријатието со свои пари, дали има друг начин за да му се рефундираат овие средства освен преку благајна во готово?
    Поконкретно, дали смеат да му се префрлат средства безготовински, со налог ПП30? Или кога се врши безготовински трансакција секогаш мора да се плати и персонален данок, бидејќи се смета дека се работи за исплата на приход на вработениот од страна на претпријатието.

    »»» ОДГОВОР

  22. Почитувани,

    Ве молам за мислење во врска со користење сопствено возило за службени цели.
    Со вработениот е склучен договор за користење сопствено возило за службени цели.
    Во текот на користењето на приватното возило за службени цели се случува:
    -возилото да се расипе и се повикува шлеп служба.Правното лице го платило трошокот за шлеп службата,-сообраќајна несреќа. Правното лице го платило трошокот за поправка на оштетеното возило.
    Дали трошокот за шлеп служба и за поправка на возилото се оданочува со данок на личен доход?
    Благодарам

    »»» ОДГОВОР

  23. Почитувани,

    Согласно член 117 став 4 од Законот за работните односи:
    (4) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.

    Ве молам за одговор на 2 прашања во врска со овој бонус:
    Дали треба да се исплати како плата преку МПИН со пресметка на данок на личен доход и социјални придонеси или преку Е-ПДД како надоместок на кој ќе се пресмета само данок на личен доход?
    Која просечна плата треба да се земе како основица при исплатата на овој бонус?

    »»» ОДГОВОР

  24. Почитувани,
    Дали може да ми се појасни за конкретниов пример:
    На иста фактура, но во различни ставки би имал:
    1. Плата – 1000 еу
    2. Трошоци за патување(средства за враќање) - 500еу
    За платата поднесувам и плаќам персонален данок од 10%.
    Е сега за трошоците, тие би биле за авионски билет и хотелско сместување.
    Дали за патните трошоци ќе мора да се плати данок или не?
    И како ставка, под кој вид(и подвид) на доход треба да се внесе при поднесувањето на пријавата?

    Ви благодарам.
    Поздрав,

    »»» ОДГОВОР

  25. Добар ден
    Имам детенце со ретка болест. Имам отворено девизна сметка за донации. Ме интересира начинот и постапката на вакви услуги. Дали треба нешто да се пријави и достави кај вас и на кој начин. Дали сме обврзани на пријавување и плакање за некаков данок за парите што досега се собрани од донација на сметката?

    »»» ОДГОВОР

  26. Почитувани,
    Во случај да со Договор за подарок со товар (забрана за продажба и плодоуживање до смрта на родителите - подарувачи ) на недвижен имот (стан) дали може ние да го плаќаме персоналниот данокот во случај станот да се издава, во наше име и за наша сметка.Даропримач би била нашата ќерка која веке не е наш државјанин.Јас сум регистриран во УЈП како даночен обврзник .
    Со почит.

    »»» ОДГОВОР

  27. Здраво,
    Ќе Ве замолам за информација за процедурата околу данок на капитална добивка.Заинтересирани сме да купиме акции од С&П 500 индеx, дивидендата се исплака квартално.Како оди процесот за данок во Мкд?
    Ве молам посочете ми друг контакт (маил или телефон) ако треба да прашам на друго место.

    »»» ОДГОВОР

  28. Здраво,
    Ме интересира дали се плака данок на крај од година за продажба на половен автомовил од физичко на физичко лице, автомовилот изнесува 27000 еу.!

    »»» ОДГОВОР

  29. Почитувани,
    Здраво, претходната година преку брз трансфер РИА имам добиено вкупно 3,000 евра. Дали треба овие пари да се пријават бидејќи се подарок од странство?

    »»» ОДГОВОР

  30. Почитувани,
    Ви се обраќам за консултација и Ваше мислење во врска со можна обрска за плаќање данок на наследство.
    Имено, на 31.10.2023 година добив износ од 2.880 ЕУР по основ на наследство од близок член на семејство од странство.
    Наследството е утврдено со тестамент оставен од починатиот врз основа на кој, член задолжен за распределба на средствата по тестаментот, изврши уплата на мојата девизна сметка.
    Имајќи го предвид горенаведеното, а со цел почитување на моите даночни обврски во Република Македонија, би Ви биле благодарни за Ваше мислење / известување дали примените пари по основ на наследство се подложни на оданочување и доколку се, Ве молам за известување за износот на данок што треба да биде уплатен.
    Однапред Ви благодрам.
    Со почит,

    »»» ОДГОВОР

  31. Почитувани,

    Се работи за физичко лице, добитник на наследство од трет или четврт ред во Бугарија. Имено, тој наследува дел од куќа која е продадена и на негова сметка стасуваат пари. Сумата не е голема, 4500 евра. Прашањето ми е, дали треба да се плати данок во државава, и ако да, каков и во кој рок? Исто така, ако може да ме упатите на лице со кое може да се контактира во врска со дополнителни прашања ако ги имаме.

    Однапред Ви благодариме
    »»» ОДГОВОР

  32. Почитувани,
    Нашата фирма изнајмува деловен простор под закуп од физичко лице.
    Во договорот за закуп е наведено дека сметките за комуналии ќе ги подмирува нашата фирма. Дали на износот на фактурите за комуналии треба да пресметаме и платиме данок на личен доход за физичкото лице закуподавач?

    Однапред благодарам
    »»» ОДГОВОР

  33. Почитувани,
    Ве молам за толкување за третманот на данокот на личен доход кај самостоен вршител на дејност.
    Самостојниот вршител во тек на 2023 година при повлекување на средства од сметката за лични потреби без покритие платил данок на личен доход.
    Дали овој износ да се третира како признат трошок во ДЛД-ДБ за да не се плати уште еднаш данок на личен доход-ДЛД или да се прикаже како побарување?

    »»» ОДГОВОР

  34. Почитувани,
    Јас не сум македонски државјанин. Купив нова куќа во Скопје за инвестиција и сакам да ја изнајмувам оваа куќа. Според македонскиот закон, дали сопственикот го плаќа данокот на доход од изнајмување и дали треба да го плати овој данок преку Интернет?

    »»» ОДГОВОР

  35. Почитувани,
    При отпис на побарувања од физички лица кои се постари од три години, вршиме усогласување во ДБ и плаќаме данок на личен доход.
    Дали и за физички лица за кои вршиме отпис на побарувања кои се утужени или дадени на извршител треба да се плаќа данок на личен доход? Доколку треба, ако во иднина ги наплатиме побарувањата на кој начин можеме да бараме враќање на персоналниот?

    »»» ОДГОВОР

  36. Почитувани,

    Станува збор за операција во странство за која веќе официјално има и телефонски броеви за донации од операторите ... Бидејќи го познаваме детето сакаме да донираме ама сметководството ни вика дека ќе треба данок да платиме па сакав да бидам сигурна дека е така
    »»» ОДГОВОР

  37. Почитувани,
    Минатата недела имав прилив од странство од околу 250евра, не сум сигурна дали подлежи на оданочување и доколку подлежи кога имам обврска да пријавам и како оди процедурата? Во банка пополнив некаков формулар и не знам што понатаму, дали го доставуваат до вас или не

    »»» ОДГОВОР

  38. Здраво,
    Сакам да прашам дали на eppd можам да проверам дали треба да платам данок на доход од странство., јас работам во странство и ме плаќаат во Македонија.
    Благодарам

    »»» ОДГОВОР

  39. Почитувани,
    Имам неколку прашања во врска со собирање донации на лична сметка за лекување.
    Пред неколку дена објавив моја лична трансакциска и девизна сметка за финансиска помош за лекување на мајка ми која се наоѓа во тешка состојба на интензивна нега. Добив некои приливи за сега од физички лица.
    Ме интересира кои се моите обврски кон УЈП?
    Дали треба да пријавам и да платам данок на овие приливи ?
    Дали треба да приложам до ујп доказ за лекарски трошоци и до кога најдоцна да го направам тоа ?
    Дали е во ред да ја користам мојата сметка со оглед на тоа што се работи за донација за друго лице кое не е во состојба да располага со својата сметка со оглед на здравствената состојба и јас сум тој што е должен да ги покрива лекарските трошоци ?

    »»» ОДГОВОР

  40. Почитувани,

    Моментално сум во процес на размислување дали да почнам да инвестирам во странски хартии на вредност и (ЕТФ Exchange-Traded Fund) преку странски брокер.
    Направив мало истражување при што заклучив дека нашата земја е поддржана на Interactive Brokers LLC (како брокер) и нудат атрактивни услови како ниски провизии (влезни провизии, провизии за чување на средства итн.)
    Сакав да Ви поставам неколку прашања поврзани со пријавување/плаќање на даноци за горенаведеното.
    Можеби е најлесно доколку дадам неколку прашања поврзани со примери.
    Сценарио/Прашање број 1:
    1. На 01.06.2024 вршам девизна уплата на 1000$ преку мојата банка кон брокерската сметка на XXX
    2. На 04.06.2024 средствата се прокнижени и баланс од 980$ е достапен за тргување (претпоставувам дека 20$ се трошоците за префрлање на средствата)
    3. На 05.06.2024 Започнувам со инвестирање и купувам позиции во странски харти од вредност / ЕТФи (од САД) во вредност од 500$
    4. На 02.07.2024 Добивам дивиденда од 5$ од некоја од акциите во портфолиото (дивидендата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers LLC / не е на моја трансакциска сметка во РСМ)
    5. На 10.07.2024 Добивам дивиденда од 7$ од некоја од акциите во портфолиото (дивидендата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers LLC / не е на моја трансакциска сметка во РСМ)
    5. На 11.09.2024 Добивам дивиденда од 3$ од некоја од акциите во портфолиото (дивидендата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers LLC / не е на моја трансакциска сметка во РСМ)
    П.С. Дивидендите се исплатени со претходно задржан процент на данок во САД (US Stock Dividend 30% Withholding Tax)
    Прашања:
    1. Дали доколку во тековниот месец имам исплатено дивиденда (исплатена на брокерската сметка кај Interactive Brokers LLC / не е на моја трансакциска сметка во РСМ) треба да пријавам аконтактивна пресметка
    за тековниот месец (07.2024 и 09.2024) како во примеров?
    1.1. Или дали треба да пријавам аконтативно во моментот кога ќе ги повлечам средствата на моја сметка во РСМ? (Хипотетички добивам исплата на дивиденди 7 години на сметка на брокер, и после 7 години ги повлекувам средствата на моја трансакциска сметка во РСМ) ?
    Сценарио/Прашање број 2:
    1. На 01.06.2024 вршам девизна уплата на 1000$ преку мојата банка кон брокерската сметка на Interactive Brokers
    2. На 04.06.2024 средствата се прокнижени и баланс од 980$ е достапен за тргување (претпоставувам дека 20$ се трошоците за префрлање на средствата)
    3. На 05.06.2024 Започнувам со инвестирање и купувам позиции во странски харти од вредност / ЕТФи (од САД) во вредност од 500$
    4. На 03.03.2025 Продавам хартии од вредност во вредност од 650$ (сумата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers / не е на моја трансакциска сметка во РСМ ), и купувам други хартии од вредност (други позиции / ребалансирање на портфолио) во вредност од 650$
    5. На 03.03.2027 ги продавам хартиите од вредност за 750$. (сумата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers / не е на моја трансакциска сметка во РСМ )
    6. На 04.04.2027 Иницијализирам налог за пренос на 750$ од сметката на Interactive Brokers -> до мојата банкарска сметка во РСМ
    6. На 05.04.2027 Парите се пристигнати/прокнижени на мојата банкарска сметка во РСМ

    Прашања:
    1. Дали треба аконтактивно да пријавам T8.Капитални добивки -> S8.1.Капитална добивка од продажба на хартии од вредност аконтактивно за месеците 03.2025 и 03.2027 (иако средствата сеуште не сум ги повлекол на моја банкарска сметка во РСМ) ? Или треба да пријавам аконтативно само на 05.04.2027 (денот на кој што средствата се пристигнати на мојата трансакциска сметка во РСМ)?
    Сценарио/Прашање број 3:
    1. На 01.06.2024 вршам девизна уплата на 1000$ преку мојата банка кон брокерската сметка на Interactive Brokers
    2. На 04.06.2024 средствата се прокнижени и баланс од 980$ е достапен за тргување (претпоставувам дека 20$ се трошоците за префрлање на средствата)
    3. На 05.06.2024 Започнувам со инвестирање и купувам позиции во странски харти од вредност / ЕТФи (од САД) во вредност од 500$
    4. На 03.03.2026 Вредноста на позициите е опадната и ги продавам сите позиции за 300$ (реализирана загуба)
    4.1 (сумата е исплатена на мојата брокерска сметка кај Interactive Brokers / не е на моја трансакциска сметка во РСМ )
    4. На 04.04.2026 Иницијализирам налог за пренос на 300$ од сметката на Interactive Brokers -> до мојата банкарска сметка во РСМ
    6. На 05.04.2026 Парите се пристигнати/прокнижени на мојата банкарска сметка во РСМ

    Прашања:
    1. Како треба да постапам во ова сценарио?
    Однапред ви благодарам за одговорите!
    П.С. поради тоа што се повеќе граѓани се заинтересирани за тргување на хартии од вредност преку странски брокери можеби е добро во иднина да се постави ЧПП (Четсто поставувани прашања / одговори) на вашата страна со слични хипотетички примери со цел полесен пристап до информации преку дадени сценарија.
    Имајте убав ден,

    »»» ОДГОВОР

  41. Дали паричните средства остварени преку Он-лине казино со седиште во странска држава треба да се пријават и дали истите треба са се оданочат со 15 посто данок и дали истото да биде направено со пријавување на дополнителен приход во ДЛД ГДП. Ви благодарам
    »»» ОДГОВОР

  42. Почитувани,
    Сакав да прашам јас живеам во странство и сакам моите пари да ги трансферирам во конто во Македонија, дали треба за тие пари и во Македонија да се плати данок ?
    Фала ви многу

    »»» ОДГОВОР

  43. Почитувани,
    Во месец ноември отворивме сметка за донации на име на сопругот за наше дете кое се наоѓа на лекување во странство. Можете ли да ми кажете дали треба да пријавиме данок на парите кои беа донирани на сметката за да не си направиме поголем проблем во иднина и да плаќаме казни?
    Исто така парите кои беа донирани преку телефонскиот оператор преку Фондацијата Телеком за Македонија во 816 000 денари беа пуштени на мојата сметка, а оние кои беа донирани преку А1 во износ од 682 500 денари беа пуштени на сметка на сопругот. Можете ли да ми кажете дали треба да пријавиме данок и за овие пари или не?
    Ви благодарам на вниманието.

    »»» ОДГОВОР

  44. Почитувани,
    По пожар во кој го изгубив домот ми се јавија донатори за помош. Донаторска сметка неможе да се отвори ( одлука на НБРМ) па по препорака од банка отворив сметка. Ме интересира како донаторите треба да ги уплатат донациите а да ги имаат бенефитите.

    »»» ОДГОВОР

  45. Јас сум сметководител и прашувам за едно хуманитарно здружение, кое купува еден стан за еден сиромашен човек. Парите ќе се трансферират од нашата жиро сметка на жиро сметката на физичкото лице што го продава станот. Дали физичкото лице што ги примаа парите или пак здружението треба да плати персонален данок.
    Ве молам за одговор.

    »»» ОДГОВОР

  46. Почитувани,
    Ми треба стручно мислење во врска со обврската за плаќање данок на личен доход за физичко лице.
    Компанијата каде што работам ми дозволува да купам удел по повластена цена.
    Компанијата е од Велика Британија и договорот за купување удел е потпишан пред седум години. Уделот што ќе го купам е од Британската компанија, меѓутоа има и ќерка фирма регистрирана во Македонија.
    Повластената цена по која јас можам да ги купам акциите е 1 фунта, моменталната пазарна цена на акцијата е 10 фунти.
    Со одобрување на бордот на директори можам да купам 1000 удели/акции за 1000 фунти.
    Дали јас како физичко лице имам обврска да платам данок на личен доход на разликата помеѓу набавната и пазарната цена (набавна цена 1 фунта/акција спроти пазарна цена 10 фунти/акција) на акциите во моментот кога се стекнувам/ го купувам уделот во фирмата или ќе треба да се плати данок на капиталната добивка тогаш кога ќе решам да ги продадам уделите?
    Во случај да има потреба ако може и да ми дадете референци за кои закони или укази станува збор?

    Благодарам
    »»» ОДГОВОР

  47. Почитувани,
    Здраво, дали може да го појасните процесот колку и дали се плаќа данок за капитална добивка од инвестирање во берзата. Поточно во инвестирање од некои од странските платформи.
    Дали се плаќа откако ќе ги пренесам средставата во мојата банка(бидејќи моментално се на платформата) или сепак и да се на платформата пак треба годишно да плаќам данок?
    Побарав онлајн но многу од објавите се пред 5-10 години и незнам дали се актуелни.
    Ви благодарам

    »»» ОДГОВОР

  48. Здраво
    Дали може да ми кажете дали треба сами да пријаваме капитална добивка од продажба на хартии на вредност преку банка или ќе бидат авотматски внесени во годишната даночна пријава.
    Акциите се купени во 2022 , а се продадени во 2023 година

    »»» ОДГОВОР

  49. Почитувани,
    Јас сум физичко лице и имам прилив на средства од странство по основ на доцнење на авионскилетови.
    Дали овој прилив треба да се пријави и оданочи со данок на личен доход?
    Однапред благодарам

    »»» ОДГОВОР

  50. Почитувани,
    Ве молиме да ни помогните околу следново прашање
    Треба да вршиме отпис на затарени побарувања од физички лица -граѓани за комунална услуга. Бидејќи станува збор за таква услуга дали за ваквиот отпис покрај данок на добивка и непризнаени расходи да се пресмета и плати и персонален доход
    Ви Благодариме

    »»» ОДГОВОР

  51. Почитувани,

    Лицата кои се праќаат од страна на Министерство за здравство е со цел учество на семинари и конференции или најчесто како дел од тимот на Министерот за здравство при деловни патувања за остварување на меѓународни средби ,а со цел подобрување на работењето на здравствениот систем во нашата земја.
    Дел од тие лица се ангажирани со договор за дело од страна на Министертство за здравство, а дел се вработени во Јавни Здравствени Установи.
    Во најголем дел од случаите, Министерството за здравство ги покрива сите трошоци, односно, авио билети, сместување и дневници за службени патувања.
    Според членот 42а од Законот за личен доход, сметаме дека овие трошоци се ослободени од данок на личен доход, но поради правилна примена на законските прописи , би сакале да добиеме и ваше мислење.

    »»» ОДГОВОР

  52. Почитувани,

    Дали дипломатско претставништво во Р.С.Македонија има обврска да исплати регрес за годишен одмор?
    »»» ОДГОВОР

  53. Почитувани,

    Ве молам за мислење за долунаведената состојба.
    Правно лице на своите вработени како вид на мотивација им обезбедува животно осигурување. Според договор со осигурителна компанија полисите се на 10 години и се преносливи, односно осигуреникот по 10 годишна работа во фирма има право на осигурителен износ, доколку си замине пред истекот на 10 години полисата се пренесува на друг вработен.
    При плаќање на месечна премија фирмата плаќа и данок на личен доход за вработениот. Во моментот имаме состојба каде што е платено на вработен премија и данок на личен доход 2 години, одкако лицето е одјавено и не остварило право за исплата на осигурителен износ, полисата се пренесува на друг вработен и се продолжува на друго лице да се плаќа премија и данок на личен доход во наредните 8 години.
    Ве молам за одговор, дали крајниот корисник на полисата односно лицето што ќе оствари право на осигурителен износ ќе треба да плати данок на личен доход за тие 2 години каде што е платен данок за првиот корисник а истиот нема остварено приход.

    »»» ОДГОВОР

  54. Почитувани,

    Добив прилив од странство на сметка по основ на поврат на средства од Приватно здравствено осигурување, односно ми се рефундираат претходно лично уплатени средства од мене за медицински третмани.
    За истите од банка треба да дадам одобрување и да наведам по кој број "шифра/основ" се тие средства и имам опција да приложам со тоа документи?
    Молам за инфо под која шифра да ги примам средствата и што е потребно да "атачирам" како документ со цел да не ми се даночат истите средства?

    »»» ОДГОВОР

  55. Почитувани,

    Моментално сум вработена во седиштето на Светска Банка во Вашингтон ДЦ, согласно со договорот кој го прикачувам на овој маил. Претходната година имав сличен договор и редовно го пријавував и плаќав персоналниот данок на доход на е-пдд системот. Меѓутоа, по консултација со даночната канцеларија на Светска Банка, ми беше посочено дека овој тип на доход е ослободен од персонален данок на доход во Северна Македонија. Маилот од даночната канцеларија го прикачувам тука.
    Дали може да ми потврдите дека сум ослободена на плаќање на персонален данок на доход на доходот остварен од Светска Банка?

    »»» ОДГОВОР

  56.  

    Почитувани,

    Во врска со примената на член 15 и 16 од Законот за данокот на личен доход како треба да постапат обврзниците кои остваруваат доход од вршење самостојна дејност (ТД и СВД) при составување на образцот ДЛД-ДБ кога на вработени им даваат т.н немонетарни примања како што се:
    1. Користење стан сопственост на (ТП или СВД) без надомест од страна на вработен;
    2. Користење на службено возило или други превозни средства за приватни цели, вклучувајќи го и превозот од и до работа.
    Бидејќи данокот од доход од работа ќе го платат со месечните аконтации со Електронска пресметка пресметка Е-ПДД во образецот ДЛД- дали ќе треба да ја зголемат даночната основа за даночната основа, односно ДБ, износот на доходот од работа без данокот на доход - практично даночната основа?

    »»» ОДГОВОР

  57. Почитувани,

    Од 01.01.2021 година имам основано адвокатска канцеларија, со помош на грант од АВРМ, со тоа што до 01.01.2024 година врз основа на добиена потврда како самостојно вработено лице имам користено субвенција за ослободување од персонален данок.
    Ве молам за информација доколку го избришам правното лице, дали и кој би биле моите обврски према УЈП? Односно од кога би можела да го избришам правното лице а да немам обврски према УЈП врз основа на претходното ослободување?

    »»» ОДГОВОР

  58. Имам стан во Франција на кој данокот на имот го плаќам таму.
    Од септември оваа година станот го издавам и по таа основа остварувам доход од закуп кој закупецот ми го уплаќа на моја банкарска сметка во Франција (таму живеев подолго време)
    Во врска со тоа замолувам за појаснување дали данокот на остварениот закуп треба да го плаќам во Франција или тука, во МК каде што сум вработен и живеам во текот на целата година и сум тукашен фискален резидент.Ви благодарам за информацијата.

    »»» ОДГОВОР

  59. Дали за исплата на странски дневници со сместување и 1 оброк се исплаќа 50% доколку оброкот е доручек, или може кога сте на пат повеќе денови тој 1 оброк да се комбинира еден ден да биде ручек наредниот вечера подмирен со фискални сметки од ресторански услуги во замена за доручекот од хотелот.

    »»» ОДГОВОР
  60. Почитувани,
    Согласно Закон за персоналниот данок на доход, обврзник на данокот на доход за добивките од игри на среќа е физичкото лице кое остварило добивка од игри на среќа.
    Тоа што би сакал да се информирам е за кој тип на игра на среќа се применува даночната стапка и која е даночната основа?
    Со почит

    »»» ОДГОВОР

  61.  Почитувани,
    се работи за исплата од правно лице на физички лица. Имено, газдата сака секој месец на своите вработени да им исплатува детски додаток (еден вид помош за дечињата). Како е правилно да ги исплатиме овие средства, дали може да се исплатат како друг доход преку системот е-Персонален данок? Ви благодарам!

    »»» ОДГОВОР

  62. Почитувани,

    Ве контактираме во врска со пресметување и плаќање на теренски додаток на вработени кои ќе работат на терен надвор од седиштето на фирмата согласно Договор за вршење на градежни работи. Вработените ќе одат и ќе се враќаат на дневна основа во текот на наредниот период (Крива Паланка, Велес, Скопје, Прешево Р. Србија, итн).
    Ве молиме да ни дадете насоки како и на кој начин треба да пресметуваме теренски додаток и со која документација треба да располагаме.
    Ви благодариме однапред.

    »»» ОДГОВОР

  63. Почитувани,

    Знаеме дека во случај на смрт на вработен законски треба да се исплатат три просечни плати на семејството на починатиот кои не подлежат на оданочување.
    Дали може да ни потврдите со која шифра (кој основ на исплата) во е-пдд можеме да го извршиме ова плаќање на сметката на сопругата на починатиот?

    »»» ОДГОВОР

  64. Почитувани,
    Лице резидент на РСМ и корисник на пензија од Р. Германија. Каде треба да плаќа данок во РСМ или во Германија. Однапред Ви благодарам.

    »»» ОДГОВОР

  65. Почитувани,
    Осигурителна компанија од Австрија треба да му исплати на физичко лице (пензионер) одреден износ на средства по основ на премија за животно осигурување.
    Договорот за осигурување кој сега веќе истекува е склучен пред 15 години помеѓу странската осигурителна компанија и физичкото лице.
    Дали физичкото лице треба да плати персонален данок на средствата кои ќе му легнат на сметка по тој основ? Ви благодарам. Поздрав

    »»» ОДГОВОР

  66. Почитувани,
    Австрискиот авионски превозник Аустријан ми рефундираше износ по основ на неискористени ваучери. Едниот ваучер ми е роденденски подарок, а другиот е обесштетување поради откажан лет. Тие во банка и пристигнаа како нераспределен прилив за кој требаше да обезбедам информација/декларација за природата на приливот вклучително и шифра на плаќањето од шифрарник (во прилог) кој ми го испрати банката.
    Дали имам обврска за плаќање данок на приливот и која е постапката?

    »»» ОДГОВОР

  67. Почитувани,

    Би сакал да добијам информација во врска со следното:
    Добивам спонзорство од Државна Лотарија на РСМ за невладина организација.
    Средствата ми легнуваат на сметка. И сега, ме интересира, дали за истите треба да се плати персонален данок на доход 11.11% (преку авторска агенција) при вадење на истите или пак се ослободени од данок.
    Со почит,

    »»» ОДГОВОР

  68. Добар ден,
    Ова лето работев 3 месеци во Германија, со студенска виза. На платата која што ја земаав ми задржуваа данок. Имам информација дека тој данок можам да си го вратам, откако ќе се вратам во Македонија
    Како оди процедурата каде треба да се обратам?
    Ве замолувам за помош, Поздрав.

    »»» ОДГОВОР

  69. Почитувани,
    Би сакала да ве замолам за објаснување поврзано со член 18 став 3 од Законот за личен доход.
    Дали експерт за техничка помош ангажиран од специјализираните агенции на ООН со канцеларии во Македонија е ослободен од данок на личен доход или не? Ви благодарам,

    »»» ОДГОВОР

  70. Почитувани,
    Ве молам за мислење во врска со плаќање данок на личен доход за следнава ситуација:
    Друштвото А основа подружница – приватна градинка за згрижување деца.
    Редовната месечна цена за згрижување на деца во градинката е 10.000 денари.
    Друштвото А донело одлука:
    1. Вработените во друштвото А да плаќаат цена за згрижување на децата во градинката од 2.000 денари.
    Дали друштвото А должи данок на личен доход за сместувањето на децата на вработените?
    Благодариме за одговорите.

    »»» ОДГОВОР

  71. Со цел да се зголеми бројот на корисници, планираме маркетинг кампања за добивање на нови членови. Маркетинг кампањата се однесува на прибирање на нови членови со понуда дека ако аплицираат и се зачленат ќе им се одобри картичка со 1.000 мкд.
    Ве молиме за мислење каков даночен третман ќе имаат износите со кои ќе бидат одобрени на новите членови од аспект на Законот за данок на личен доход имајќи во предвид дека се работи за маркетинг кампања за унапредување на дејноста.
    Во очекување на Вашиот брз одговор Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
    Со почит,

    »»» ОДГОВОР

  72. Почитувани,
    Ве молиме за Ваше мислење по однос на исплата на бонус во висина на една просечна плата на вработени кои надминале 150 часа прекувремена работа. Дали бонусот се исплаќа како дел од плата (на што би се пресметал и персонален данок на доход и придонеси од социјално осигурување) или тој претставува надомест кој подлежи на пресметка само на персонален данок на доход. Вашето мислење ќе ни значи за во понатамошното постапување.
    Ви благодариме за соработката.

    »»» ОДГОВОР

  73. Почитувани,
    Дали трансфер на парични средства од странски универзитет по основ на придонеси за членство во научни организации за котизација и сместување на семинари и симпозиуми, дали овие средства подлежат на обврска за пријавување или истите се ослободени од оданочување?
    Според член 12 од Законот за данокот на личен доход, ги наведува категориите на доход кои се ослободени од плаќање на данок. Во точка 44 од овој член се наведува дека:
    „Надоместоци на трошоци за сместување, храна и превоз за лица кои се учесници во образовни и научни активности или настани на научни и образовни институции во земјата и во странство, утврдени врз основа на документи за направените трошоци“ се ослободени од данок.Со почит.

    »»» ОДГОВОР

  74. Почитувани,

    Дел од нашата работа претставува навремена и правилна даночна усогласеност на работењето на компаниите со важечката легислатива. Меѓутоа, во работењето постојат предизвици, поради кои е потребата да побараме официјално толкување од страна на Управата за јавни приходи како надлежен регулатор.
    Во праксата се сретнуваме со ситуации кога друштвата имаат намера да воведат програма за дополнителен бенефит на своите вработени, односно да им доделуваат повеќенаменски ваучери кои вработените може да ги користат во малопродажните објекти на Друштвото за плаќање на производи за широка потрошувачка, при што ваучерите би се издавале периодично (на месечно или квартално ниво), во износи кои може да бидат исти за сите вработени или различни, зависно од позицијата на вработените.
    Во продолжение е анализа на постоечка важечката домашна легислатива за Законот за данокот на личен доход, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за работни односи и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
    Нашата дилема произлегува од даночниот третман на доделените повеќенаменски ваучери од аспект на Данокот на личен доход и придонесите од задолжително социјално осигурување.
    Во очекување на Ваш одговор, однапред Ви благодариме.

    »»» ОДГОВОР

  75. Почитувани,
    Ве молам за следната консултација:
    Компанија склучува договори за подарок и подарува станови на вработени лица кои воедно и се деца на сопствениците на компанијата. Ве молам за насока дали овие станови подлежат на пресметка на персонален данок на доход земајќи во предвид дека за нив е издадено решение од Град Скопје за обврска за плаќање на данок на подарок и наследство?

    »»» ОДГОВОР

  76. Почитувани,
    Потребна ми е информација во врска со пренос на удел без надомест. Имено, удел од компанија Дооел би се пренел од физичко на физичко лице. Основачкиот влог на компанијата е 5000 евра, уделот без надомест што се пренесува ќе биде 2500 евра. Прашањето ми е, дали во овој случај ќе треба да се плати некој данок од страна на примачот на уделот или пак давачот на уделот, или евентуално фирмата. Потребна ми е детална информација во однос на даноците кои што би произлегле од оваа трансакција. Информација ми е итно потребна па за таа цел би замолила за врз одговор.

    »»» ОДГОВОР

  77. Почитувани,
    Ве молиме за одговор.
    Согласно членот 12 ставот 1 точка 12 од Законот за данокот на личен доход (Службен весник на РМ бр. 241/18... и Службен весник на РСМ бр. 274/22), данок на личен доход не се плаќа на: Стипендии на ученици и студенти што ги доделуваат органите на државна управа во согласност со закон и стипендии што ги доделуваат фондации врз основа на веродостојна документација вклучувајќи ги трошоците за школарина/партиципација, превоз, сместување и исхрана.
    Прашањето е што треба да направи фондацијата, односно која документација треба да ја поседува за да има докази пред надлежни органи дека е ослободена од данок на личен доход за стипендиите кои ги дава на учениците и студентите? Ви благодариме.

    »»» ОДГОВОР

  78. Почитувани,
    Пред скоро време ми беа исплатени парични средства како дивиденда од удели што ги поседувам во одреден индексен фонд. На нив, платформата за тргување ми наплати данок кон Соединетите Американски Држави. Колку што знам, Република Северна Македонија има договор со САД, според кој не е потребно второ даночење на ваквите средства со 10% данок на доход во Македонија, бидејќи веќе имам платено повеќе од 10% данок кон САД, но би сакал да го потврдам ова со Вас.
    Затоа, би Ве замолил да ми одговорите на следните прашања:
    1. Дали треба дополнително да платам данок на доход за овие средства кон УЈП?
    2. Дали треба да ги пријавам овие средства (иако ги немам повлечено на моја сметка и немам намера да ги подигнам)?
    3. Ако одговорот на било кое од претходните прашања е „Да“, би Ве замолил да ми пратите инструкции за како да го сторам потребното. Ви благодарам однапред за вниманието. Поздрав.

    »»» ОДГОВОР

  79. Здраво, Дали може да ми помогнете со една информација. Дали заработка од јутуб канал, примен како компензација за рекламен простор, треба да се пријави како доход од работа иако не е работен во однос во прашање или како доход од самостојна дејност? Се работи за реклама на странска фирма, наменета за странство, исплатено од странска фирма. Ads на Youtube канал преку adsense. Користам е-пдд. Ви благодарам многу.
    »»» ОДГОВОР

  80. Здраво, Дали можам (и како) да пријавам приходи од орочени депозити преку системот https://e-pdd.ujp.gov.mk ? Ви благодарам.
    »»» ОДГОВОР

  81. Почитувани, Ве контактирам за да потврдам дали треба да платам данок на личен доход – ќе почнам да работам од дома како маркетинг консултант за компанија во Дубаи. Договорот за работа е помеѓу мене и фирмата и платата стигнува во Скопје. Немам своја фирма, работам како физичко лице.
    Ве молиме известете ме дали се потребни дополнителни информации и го чекам вашиот одговор.

    »»» ОДГОВОР

  82. Добар ден, Се извинувам што ви одземам дел од вашето време, јас сум сликар и изработувам дигитални слики кој сакам да ги продавам на интернет во странство преку amazon.com, за тоа ми е потребен единствен даночен број. Може ли да ми ја објасните постапката за регистрација и дали ќе треба да основам фирма или можам и без тоа?
    Моите родители (пензионери) имаат девизна сметка, дали можам да ја користам нивната сметка со мојот ЕДБ или тоа ќе влијае на нивната способност за примање пензија? Ви благодарам однапред за одвоеното време. Имајте убав ден и среќни празници.

    »»» ОДГОВОР

  83. Почитувани,
    Преку иницијативата SUPPORT за Кочани, правни лица донираат парични средства на сметката на нашето здружение, кое е непрофитна организација. Ние сакаме овие средства да им ги донираме на семејствата на загинатите од несреќата во Кочани.
    Претпоставувам дека оваа донација е ослободена од плаќање персонален данок од доход според член 12 став 32 од ЗДЛД. Ве молам за потврда за ова.
    Дали ќе биде доволно да ги донираме овие пари врз основа на одлука на раководството на нашата организација, поради сензибилноста на целата ситуација, или ќе мораме со секое семејство да бараме барање за донација и да склучуваме договор за донација поединечно?
    Дали овие средства можат да се префрлат на сметките на корисниците (физички лица) со вирмански налог или вашите правила налагаат за овие донации да се креираат рекапитулации преку платформата е-пдд? Поздрав,

    »»» ОДГОВОР

  84. Почитувани,
    Користам платформа која се вика Trading 212 за тргување со акции на различни берзи. Ме интересира која е процедурата за пријавување на данок од реализиран профит. Самата платформа изготвува годишен извод на кој се гледа реализираниот профит за цела година. Досега не сум повлекол никакви средства на мојата банкарска сметка. Дали пријавувањето на данок треба да се прави после повлекувањето на средства, на месечно или може и на годишно ниво дали може да ми дадете некои детали?
    Благодарам,

    »»» ОДГОВОР

  85. Почитувани,

    Ме интересира информација околу обврската за пријава на данок на капитална добивка од продажба на инвестициско злато?Дали за продажба на злато кое сум го чувал повеќе од 2 години треба да пријавувам капитална добивка? Колку што знам за акции и фондови после две години се ослободени. Дали истиот пропис важи и за злато? Дали ако го продадам за помалку од 2 години треба да пријавам капитална добивка?
    Ве молам за одговор.
    Поздрав.

    »»» ОДГОВОР

  86. Почитувани,
    Мајка ми има заштедено 45.000€ цасх, како може со тие да си купи гарсоњера ?
    Фала одапред

    »»» ОДГОВОР

  87. Почитувани,

    Ви се обраќам за информација за плаќање на персонален данок по основ на Изработка на проект на постојна состојба на индивидуален станбен објект.
    Лице кое е архитект со овластување за изработка на проектна докуметација и сака да наплати за проектот на неговата лична трансакциска сметка од друго физичко лице , како би требало да изготви пресметка за плаќање на ПД?
    Дали помеѓу физичките лица (клиентот и архитектот) да има договор за авторски услу и со шифра за персонален данок Т3 S3.3 да се направи пресметка, да се прикачи авторскиот договор и да се плати данокот? Ве молам за мислење и насоки околу овие прашања,
    Со почит.

    »»» ОДГОВОР

  88. Почитувани,
    Се работи за правно лице тромесечен даночен обврзник кај кого при попис е констатиран кусок на трговска стока, за која е утврдена дека е по вина на вработеното лице задолжено за трговија со истата.
    По констатираниот кусок е покрената постапка, а нашето прашање е дали треба ние како обврзници да го пресметаме и платиме данокот по кусокот на трговската стока?
    Со почит

    »»» ОДГОВОР

  89. Дали ако некој државјанин на Република Македонија оди на сезонска работа во Грција треба да плати данок за работа во Грција и колку би бил? Или пак ако отиде на сезонската работа во Хрватска, дали треба да плати некој даноци или не. Ќе го чекам вашиот брз одговор ,
    Со почит
    .
    »»» ОДГОВОР

  90. Почитувани,
    Ме интересира дали е возможно да пријавам данок онлајн и како тоа се наплатува. Бидејќи сум студент во Словенија и сум работел веќе на неколку работни места и добив решение за да пријавувам и плаќам данок во Македонија но незнам како е тоа возможно онлајн.
    Поздрав

    »»» ОДГОВОР

  91. Почитувани,
    Ве замолувам за одговор на следново прашање или да ме упатите каде да прашам за истото. Физичко лице,неколку пати ми има пуштено (како на физичко лице) позајмица во банка на одреден исзнос . За колку време е потребно да се вратат средствата?
    Дел од нив јас ќе ги вратам како враќање на позајмица, а дел можеби тој ќе потпише изјава на нотар дека нема да ги бара. Како се третира сумата која нема да ја бара, дали би се оданочила бидејќи испаѓа како тие средства да остануваат на моја сметка? Ве молам за совет како да постапам. Однапред благодарам,
    Поздрав и секое добро!

    »»» ОДГОВОР

  92. Почитувани,
    Имено фирмата е регистрирана како дооел и се занимава со одгледување на карви и продажба на млеко. При тоа од државата добива субвенција 2 денари за секој продаден литар. Прашањето ни е следново:
    Дали парите кои се преимени како субвенции од државата може сопствеикот кој во исто време е и управител и вработен во фирмата да ги извади без покритие како материјални трошоци или за истите треба да има покритие, односно дали доколку нема покритие тие средства би подлежеле на пресметка на персонален данок.

    »»» ОДГОВОР

  93. Здраво.
    Би сакал да се информирам дали јас како овластен судски преведувач, која дејност ми е дополнителна и за истото како награда за извршениот превод добивам минимален износ на парични средства, дали има обврска да плаќам некој данок спрема УЈП.

    »»» ОДГОВОР

  94. Дали има опција да фирмата ми плаќа животна полиса и до која сума не подлежи на даночење?
    Ви благодарам однапред.

    »»» ОДГОВОР

  95. Почитувани,
    Добив понуда да соработувам хонорарно со една американска компанија за развој на софтвер.
    Ви се обраќам за да Ве замолам да ме насочите која би била процедурата за да си платам персонален данок на хонорарите коишто ќе ги добивам од нив на македонска сметка преку wire transfer. Исплатите би биле два пати месечно и би сакал да си го подмирувам персоналниот данок или два пати месечно или еднаш месечно. Ви благодарам многу на одговорите
    .
    »»» ОДГОВОР

  96. Здраво.
    Би сакал да се информирам дали јас како овластен судски преведувач, која дејност ми е дополнителна и за истото како награда за извршениот превод добивам минимален износ на парични средства, дали има обврска да плаќам некој данок спрема УЈП?

    »»» ОДГОВОР

  97. Јас сум сопственик на граѓански обврзници кои ги издаде државата. Во јули месец беше иплатена дивиденда за истите. Сакам да пршам дали таа дивиденда подлежи на данок на личен доход и ако подлежи која е процедурата за да си го платам истиот,
    Однапред благодарам.

    »»» ОДГОВОР

  98. Почитувани, дали македонска фирма треба да плати данок во случај кога исплаќа хонорар на странско физичко лице нерезидент кое не работело во Македонија, туку надвор од земјата.
    Вид на работа - филмска дејност, пишување сценарио, дизајн на сценографија и костими и други сродни уметнички дејности, како и организација на филмско снимање надвор од Македонија, но за проект на македонска фирма? Ве молам за ваше мислење и одговор.

    »»» ОДГОВОР

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија