Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Време на настанување на даночен долг
  • кај прометот на добра - во моментот кога е извршен прометот на доброто.
  • кога доброто се превезува или испраќа - во моментот на започнување на превозот или на испраќањето.
  • кога доброто се монтира или инсталира - моментот на завршување со работите на монтажа или инсталирање.
  • кај вршење услуги - во моментот на целосно извршување на услугата.
  • кога плаќањето е извршено пред извршување на прометот - моментот кога е добиено плаќањето во висина на данокот за добиениот износ.
  • кај периодичен или континуиран промет кој предвидува последователни плаќања - денот на кој е издадена фактура за соодветниот период.
  • кај економски делив промет кој се должи и извршува во делови - денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.
  • кај автомати за продажба на добра или за извршување на услуги кои работат со монети, книжни пари или жетони - денот на кој монетите, книжните пари или жетоните се вадат од автоматот.
  • при увоз на добра - денот на настанување на обврската за плаќање на царина и другите увозни давачки или денот на внесување на доброто во земјата, кога се работи за добро кое не подлежи на плаќање царина.
  • за добра кои подлежат на режимот на добра во слободни зони, царински зони, царински складови, добра во транзит или привремено увезени добра - моментот кога доброто се пушта во слободен промет.
  • во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета:
    1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува; или
    2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп; или
    3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест од закупецот кон закуподавачот.
  • за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена целосна уплата на постигнатата крајна цена од страна на стекнувачот на доброто, освен кога доверителот се стекнува со доброто.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија