Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Преглед на публикации

 

Задржување на данокот на приход платен на странски правни лица
Оваа брошура треба да ве упати на начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странски правни лица, а кои не се остварени во рамки на деловниот потфат на постојаната деловна единица на странско лице на територија на Република Македонија...
 

Поедноставен даночен режим за мали и микро бизниси
Оваа брошура треба да ве упати на основните правила и услови за регистрирање за целите на годишниот данок на вкупен приход, доколку сте трговско друштво од мал обем. Поедноставниот даночен режим овозможува скратување на даночните процедури за малите бизниси и едноставен начин на пријавување и утврдување на данокот.
 

Поврзано лице за целите на ДДВ
Поврзано лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни, регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки. Оваа брошура треба да ве информира општо за регистрацијата, пријавувањето на промени и одјава на поврзаното лице за целите на данокот на додадена вредност.
 

Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност (2017)
Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор. Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на регистрацијата за цели на данокот на додадена вредност, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“).
 

Давање и примање на донации и спонзорства
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. Оваа брошура треба да ви помогне како правилно да пристапите кон примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, односно што може да биде предмет на донација/спонзорство, кои се даночните поттикнувања ...
 

Приредување на игри на среќа и забавни игри
Преку оваа брошура треба да дознаете повеќе за видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Македонија, исплата и оданочување на добивките од игри на среќа...
 

Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (2017)
Како граѓанин на Република Македонија вие сте обврзник на персоналниот данок на доход и сите приходи кои ги остварувате во текот на една календарска година треба да ги пријавите во Управата за јавни приходи. Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2016 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2017 година. Токму оваа брошура треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”)...
 

Оданочување на капитална добивка од продажба на недвижен имот (2017)
Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на приходи кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од продажба на недвижен имот и притоа сте оствариле капитална добивка...
 

Оданочување на приходи од земјоделска дејност (2017)
Оваа брошура треба да ве информира за условите за паушално оданочување на приходите остварени од вршење на земјоделска дејност, како и постапката за регистрација, утврдување и плаќање на персоналниот данок на доход за земјоделците...
 

Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина) - ( 2017)
Оваа брошура треба да ве упати во основните правила на пријавување, утврдување и плаќање на данокот на приходи кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија