Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Брошури

Тема на публикација
 

Задржување на данокот на приход платен на странски правни лица
Оваа брошура треба да ве упати на начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странски правни лица, а кои не се остварени во рамки на деловниот потфат на постојаната деловна единица на странско лице на територија на Република Македонија...
 

Поедноставен даночен режим за мали и микро бизниси
Оваа брошура треба да ве упати на основните правила и услови за регистрирање за целите на годишниот данок на вкупен приход, доколку сте трговско друштво од мал обем. Поедноставниот даночен режим овозможува скратување на даночните процедури за малите бизниси и едноставен начин на пријавување и утврдување на данокот.
 

Поврзано лице за целите на ДДВ
Поврзано лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни, регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки. Оваа брошура треба да ве информира општо за регистрацијата, пријавувањето на промени и одјава на поврзаното лице за целите на данокот на додадена вредност.
 

Регистрација и плаќање на данокот на додадена вредност
Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор. Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на регистрацијата за цели на данокот на додадена вредност, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“).
 

Давање и примање на донации и спонзорства
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. Оваа брошура треба да ви помогне како правилно да пристапите кон примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, односно што може да биде предмет на донација/спонзорство, кои се даночните поттикнувања ...
 

Приредување на игри на среќа и забавни игри
Преку оваа брошура треба да дознаете повеќе за видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Македонија, постапката за издавање на лиценца, односно одобрение за приредување на игри на среќа и забавни игри ...ВО ТЕК Е ИЗРАБОТКА НА НОВА БРОШУРА!
 

Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход
Како граѓанин на Република Македонија вие сте обврзник на персоналниот данок на доход и сите приходи кои ги остварувате во текот на една календарска година треба да ги пријавите во Управата за јавни приходи. Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2011 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2012 година. Токму оваа брошура треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”)...
 

Оданочување на капитални добивки од продажба на хартии од вредност
Преку брошурата ќе дознаете што се подразбира под капитална добивка/загуба, како и кога да ги пријавите приходите од продажба на хартии од вредност, што е основа за пресметување на данокот ...
 

Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина)
Оваа брошура треба да ве упати во основните правила на пријавување, утврдување и плаќање на данокот на приходи кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот...
 

Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност
Оваа брошура треба да ве упати во основните правила и процедури за регистрација, утврдување и плаќање на персоналниот данок на доход и изготвување на Годишна сметка за остварените приходи од самостојна дејност. Преку брошурата ќе се запознаете за тоа: како и каде да се регистрирате, ако остварувате приходи од самостојна дејност; кои се вашите права и обврски; кога и на кој начин сте обврзани да ги пресметувате, пријавувате и плаќате соодветните даноци; како УЈП ќе ви ја утврди конечната годишна обврска за персоналниот данок на доход ...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија