Memorandum_mk
Преглед на публикации

 

Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност во 2023 година (2024)
Оваа брошура треба да ве упати во основните правила и процедури за регистрација, утврдување и плаќање на персоналниот данок на доход и изготвување на Годишна сметка за остварените приходи од самостојна дејност. Преку брошурата ќе се запознаете за тоа: како и каде да се регистрирате, ако остварувате приходи од самостојна дејност; кои се вашите права и обврски; кога и на кој начин сте обврзани да ги пресметувате, пријавувате и плаќате соодветните даноци; како УЈП ќе ви ја утврди конечната годишна обврска за персоналниот данок на доход ...
 

Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2023 година (2024)
Оваа брошура треба да ве упати како да се регистрирате на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за доходот коj како граѓанин (физичко лице - резидент на Република Северна Македонија) сте го оствариле во текот на 2023 година.
 

Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход (2018)
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход (ПДД), односно пресметувањето на ПДД ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk...
 

Давање и примање на донации и спонзорства (2021)
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. Оваа брошура треба да ви помогне како правилно да пристапите кон примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, односно што може да биде предмет на донација/спонзорство, кои се даночните поттикнувања ...
 

70 години Даночен систем и 20 години Ден на даночни работници во Република Македонија
По повод одбележувањето на Денот на даночниците на 29-ти Ноември 2017 година, како и јубилејното одбележување на 70 години - Даночен систем и 20 години - Ден на даночници во Република Македонија, Управата за јавни приходи издаде публикација во која е даден краток осврт на поставувањето на темелите и седумдецениските промени и реформи во македонскиот даночниот систем, како и за првите иницијативи за одбележување на Денот на даночниците, со цел давање на посебно место и улога на даночните работници во обезбедувањето на финансиската стабилност на државата. Нашата мисија е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки. Чекорите и новитети кои ги воведуваме и на кои сме посветени имаат единствена цел - исполнување на нашата мисија, визија и вредности.
 

Одложено плаќање на даночен долг
Оваа брошура треба да Ве упати на условите, постапката и начинот на плаќање на даночен долг со користење на можноста за одложено плаќање на месечни рати или еднократно одлагање на плаќањето на даночниот долг.
 

Приходи Предизвици Партнери (2019)
Денес оваа институција со гордост може да каже дека е модерна и транспаретна даночна управа, со клиентски ориентиран пристап кон даночните обврзници, што подразбира градење партнерски однос со секој даночен обврзник и обезбедување висок квалитет на услуги...
 

Приредување на игри на среќа и забавни игри (2022)
Преку оваа брошура треба да дознаете повеќе за видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Северна Македонија, исплата и оданочување на добивките од игри на среќа...
 

Месечна пресметка за интегрирана наплата
УЈП прибира месечно податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок на доход, истите ги контролира и води евиденција, поединечно за секој обврзник.Концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата бара подетално појаснување и прецизирање на повеќе прашања, поради што очекуваме дека оваа брошура ќе ви помогне...
 

Како да се заштитиме и делуваме против сивата економија?
Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија