Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход
Како граѓанин на Република Македонија вие сте обврзник на персоналниот данок на доход и сите приходи кои ги остварувате во текот на една календарска година треба да ги пријавите во Управата за јавни приходи. Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2011 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2012 година. Токму оваа брошура треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”)...

