Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


М
Мали производители на алкохол и алкохолни пијалоци

Лица ослободени од акциза кои годишно произведуваат помалку од 5 хл вино или 2 хл алкохолни пијалоци за сопствени потреби.

 
Меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување

Билатерален договор со кој се регулира размената на информации помеѓу државите - потписнички на договорот, како и оданочувањето на конкретен вид на приход остварен во едната држава од страна на лице резидент на другата држава, со цел одбегнување на двојното оданочување.

 
Меѓународна правна помош

Право на Управата за јавни приходи врз основа на меѓународните договори, во тек на даночна постапка да се обрати за давање на правна помош до странски даночен орган, како и обврска на Управата за јавни приходи да даде таква помош на странски даночен орган.

 
Место на живеење

Местото со адресата (улица и број) на живеење на физичкото лице, како и државата ако физичкото лице е странец.

 
Место на промет на добра

Местото каде доброто се наоѓа во моментот на пренос на правото на располагање.

 
Микропретпријатие

Домашно правно лице кое извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност во областа на игрите на среќа и забавните игри), чиј број на вработени не надминува девет, вкупниот приход не надминува 50.000 евра во денарска противвредност, остварениот приход од еден купувач не надминува 80% од вкупниот приход и сите права да се во сопственост на најмногу две физички лица.

 
Минерални масла

Моторен бензин, гасно масло (дизел), течен нафтен гас (ТНГ-плин), керозин, масло за ложење (мазут) и масла за подмачкување.

(види и акциза, акцизно добро)
 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија