Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Доход од капитал

Дефиниција

Под доход од капитал се подразбираат:

  • дивидендите и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица
  • камати од заеми дадени на физички и правни лица
  • камати од депозити
  • каматите од хартии од вредност и
  • друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход од капитал е физичко лице кое остварува доход по основ на:

  • дивидендите и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица
  • камати од заеми дадени на физички и правни лица
  • камати од депозити
  • каматите од хартии од вредност и
  • друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти

(*) Каматата на депозити се ослободени од оданочување со данокот на доход до 31 декември 2019 година

Даночна основа

  • За дивидендите и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица, основа претставува бруто дивидендата, односно доход од учество во добивката распределени на обврзникот.
  • За камати од заеми дадени на физички и правни лица, камати од хартии од вредност основа претставува износот на пресметаната камата.
  • За камати од депозити, основа претставува износот на пресметаната камата кој надминува 15.000 денари на годишно ниво во противвредност на валута та на депозитот.
  • За друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти, основа претставува бруто доходот.

 Даночна стапка

  • Од 01.01 2019 година, аконтацијата на данокот на доход од капитал, се пресметува на соодветно утврдена даночна основа со примена на стапка од 15%

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход  од капитал.
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за остварениот доход од капитал (дивиденда, камата...) од странство.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од капитал во текот на 2019 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2020 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2020 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2020 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија