Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Други приходи

Дефиниција

„Други приходи“ се сите приходи кои не се исплатени во вид на лични примања; приходи од самостојна дејност; приходи од продажба на сопствени земјоделски производи, приходи од имот и имотни права; приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; приходи од капитал; капитални добивки и добивки од игри на среќа, не се изземени од оданочување со одредбите од член 6 на Законот за персоналниот данок на доход, и не се оданочени по друг основ.

Како „други приходи“, се сметаат и приходите остварени со електронска трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги и приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад.

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход е физичко лице кое остварува „други приходи“.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот на „други приходи“ е нето приходот кој се утврдува со одбивање на нормираните трошоци од бруто приходот во висина од 35%.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

1) Исплатувачот на приходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за други приходи (пр. откуп на корисен цврст отпад, помош за школување и др.).
Исплатувачот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на приходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
Исплатувачот на приходот изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на приход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

2) Физичко лице (резидент на Република Македонија) врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за „други приходи“ остварени во земјата и од странство (пр. приходи од е-трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги и др.).
Примателот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход или или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија има склучено договор со државата од каде е оставрен приходот). 
Примателот на приходот за секој остварен приход изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија