Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Приходи од продажба на сопствени земјоделски производи

Даночен обврзник

Обврзник на данок на доход за приходи од продажба на сопствени земјоделски производи е физичко лице кое остварува приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на откупувачи кои водат деловни книги, на друго физичко лице надвор од продажни места на зелени пазари и на продажни места на зелени пазари, а кое не се оданочува согласно член 29 од Законот за персоналниот данок на доход.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот претставува разликата помеѓу остварениот вкупен приход и признатите нормирани трошоци во висина од 80%.

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

1. Откупувачот на земјоделски производи (исплатувачот на приходот кој води деловни книги) врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за приходи од продажба на сопствени земјоделски производи по основ на извршен откуп на земјоделски производи од физички лица.
Исплатувачот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на приходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
Исплатувачот на приходот изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на приход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето приходот кај носителот на платниот промет.
Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

2. Примателот на приходот (физичко лице) врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.
Примателот на приходот пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход ја врши за секој остварен приход, со примена на стапките пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.
Примателот на приходот за секој остварен приход изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

3. Управата за јавни приходи врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица на продажни места на зелени пазари, доколку физичкото лице (примател на приходот) се оданочува според паушално утврден нето приход.
Паушалниот нето приход за физичките лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на други физички лица на продажни места на зелени пазари, го утврдува Управата за јавни приходи врз основа на висината на закупнината на продажното место на зелениот пазар и големината на нето приходот на обврзникот кој под исти или слични услови врши иста или слична дејност.
Управата за јавни приходи за секое физичко лице кое остварува приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на продажни места на зелени пазари изготвува Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) и Решение за утврдување на аконтација на данок на доход кое го доставува до примателот на приходот.
Управата за јавни приходи пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход за приходите ја врши врз основа на податоци од извештаите на организаторите на зелените пазари за корисниците на продажните места.

Враќање на платениот данок за остварените приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на откупувачи и на други физички лица надвор од продажни места на зелени пазари

  • Обврзникот кој во текот на календарската година остварил приход од продажба на сопствени земјоделски производи (на откупувачи и на други физички лица надвор од продажни места на зелени пазари) кој не го надминал износот од 1.000.000 денари има право на враќање на платениот данок за остварените приходи од продажба на сопствени земјоделски производи.
  • Правото на враќање на платен данок го остварува даночниот обврзник кој во календарската година остварил приход кој не се одданочува согласно со одредбите од Законот за персоналниот данок на доход, освен приходот од член 6 став 1 точка 27.
  • Правото на враќање на платен данок не го остварува даночен обврзник кој во календарската година остварил друг приход кој се одданочува согласно со одредбите од Законот за персоналниот данок на доход.

Регистрирајте се доколку приходите од продажба на сопствени земјоделски производи надминат 1 милион денари

Oбврзникот чиј вкупен приход од продажба на сопствени земјоделски производи (на откупувачи и на други физички лица надвор од продажни места на зелени пазари) во годината го надминува износот од 1.000.000 денари, должен е најдоцна до 15–ти јануари наредната година да се регистрира за вршење на дејност согласно закон (без оглед дали остварил или не остварил приходи и по други основи).

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија