Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Доход од осигурување

Дефиниција

Под доход од осигурување се подразбира:

  1. премијата за осигурување живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност;
  2. премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, освен премијата која е ослободена од оданочување согласно членот 12 точка 34) од Законот за данокот на личен доход; и
  3. исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета согласно членот 12 од Законот за данокот на личен доход.

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход од осигурување е физичкото лице кое остварува доход од осигурување.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот на доход од осигурување претставува:

  • износот на уплатената премија за осигурување живот од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, над две просечни месечни бруто плати во Република Македонијам објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;
  • износот на уплатената премија за неживотно осигурување од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност; и
  • износот на осигурената сума намален за износот на уплатените премии за осигурување живот во случај кога премиите се уплатени од физичко лице, односно износот на осигурената сума намалена за износот на уплатените премии за осигурување живот кои се оданочени.

Даночна стапка

  • Од 01.01 2019 година, аконтацијата на данокот од доход од осигурување, се пресметува на соодветно утврдена даночна основа со примена на стапка од 15%.

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход од осигурување.
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето доходот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход од осигурување од странство.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од осигурување во текот на 2019 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2020 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2020 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2020 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија