Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Даночен обврзник, предмет на оданочување, даночна стапка и рокови за плаќање

Даночен обврзник

  • Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.
  • Даночни обврзници можат да бидат правни и физички лица, како и здружувања на лица.
  • Сите даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот од 1.000.000 денари или во текот на годината нивниот остварен промет го надмине износот од 1.000.000 денари обврзани се за регистрација за целите за ДДВ.
  • Ониe даночни обврзници кои не се обврзани за регистрација за целите на ДДВ, можат доброволно да се регистрираат за ДДВ.
  • Како еден даночен обврзник регистриран за данокот на додадена вредност, можат да бидат и повеќе лица регистрирани за ДДВ, кои така ќе одлучат заради нивната сопственичка, организациска или управувачка поврзаност.

Предмет на оданочување

Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е:

  • прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и
  • увозот на добра

Даночна стапка

ДДВ се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки и тоа:

  • Општа даночна стапка од 18% и
  • Повластена даночна стапка од 5%.

Добрата и услугите кои подлежат на оданочување со повластената даночна стапка подетално се уредени во Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

Рокови за поднесување на даночната пријава за ДДВ

Рокот за поднесување на даночната пријава е 25 дена по истекот на даночниот период.

Даночните обврзници кои во одреден даночен период немаат извршено оданочив промет исто така се должни да поднесат даночна пријава, при што полињата се пополнуваат со 0 (нула).

Во случај на престанок со вршење на дејноста, даночната пријава се поднесува во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е престанато со дејност.

Рокови за плаќање на ДДВ

ДДВ се плаќа во истите рокови кои се пропишани за поднесување на даночната пријава, односно, се плаќа во рок од 25 дена по истекот на даночниот период. Тоа значи дека:

  • месечните обврзници го плаќаат ДДВ секој месец до 25-ти за претходниот месец
  • тримесечните обврзници го плаќаат ДДВ до 25-04, 25-07, 25-10 и 25-01 наредната година за претходните тримесечја

ДДВ пресметан при увозот на добра се плаќа во исто време кога се плаќаат царинските давачки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија