Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28          
Recnik
Прекинување на регистрација за цели на ДДВ

Прекинувањето на регистрацијата за целите на ДДВ може да се изврши најрано по истекот на 3 или 2 календарски години после годината на првичното регистрирање.

Услови за прекинување на регистрацијата за ДДВ по истек на третата година

За да може да се изврши прекинување на регистрацијата за ДДВ, кумулативно, треба да бидат исполнети следните услови:

  • даночниот обврзник да е регистриран за ДДВ задолжително или доброволно;
  • да е истечен најмалку тригодишниот период од регистрацијата за ДДВ;
  • остварениот севкупен промет во третата календарска година да не изнесува повеќе од 2.000.000 денари; и
  • даночниот обврзник да бара да се одјави од регистрацијата за ДДВ.

Услови за прекинување на регистрацијата за ДДВ по истек на втората година

За да може да се изврши прекинување на регистрацијата за ДДВ, кумулативно, треба да бидат исполнети следните услови:

  • даночниот обврзник да е регистриран за ДДВ задолжително или доброволно;
  • да е истечен двегодишниот период од регистрацијата за ДДВ;
  • остварениот севкупен промет во втората календарска година да не изнесува повеќе од 2.000.000 денари и во секоја од двете претходни календарски години во даночните пријави да нема искажано претходен данок за одбивање,
  • даночниот обврзник да бара да се одјави од регистрацијата за ДДВ.

 

Одјавување од Регистарот на ДДВ обврзници

Доколку даночниот обврзник сака да се одјави од регистарот на ДДВ обврзници треба да поднесе Пријава за отповикување на регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01Б) до надлежната Регионална дирекција на УЈП или по електронски пат.

Пријавата за отповикување на регистрација за ДДВ се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во годината од која даночниот обврзник сака да престане да биде регистриран за данокот на додадена вредност.

Службено прекинување на регистрацијата за ДДВ

УЈП може да изврши службено прекинување на регистрацијата за ДДВ пред истекот на трите календарски години во следните случаи:

  • кога во претходната календарска година даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажување на данок за извршен промет и без искажување претходен данок за одбивање;
  • кога во двете претходни календарски години даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, односно во истите периоди нема промет ослободен од данок со право на одбивка, ниту претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него;
  • кога даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности;
  • кога даночниот обврзник не поднесувал даночна пријава и тоа најмалку два даночни периоди кај месечните и тримесечните даночни обврзници;
  • кога кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување; и
  • кога даночниот обврзник се регистрира како поврзано лице.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија