Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Враќање на средства на сметка

Враќањето на повеќе / погрешно платен придонес и персонален данок во готови пари на сметка се врши врз основа на претходно доставено Барање (образец УЈП-УН-З.2-41).

Барањето за враќање на повеќе / погрешно платени придонеси и персонален данок од плата се доставува до надлежната даночна канцеларија на УЈП каде што се наоѓа седиштето на обврзникот или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Како барател може да се јави обврзникот за пресметка и уплата и тоа во следните случаи:

  1. Пресметани и уплатени придонеси и персонален данок за обврзник/ци за плаќање за периоди за кои немаат активна М1 пријава
    Доколку работодавачот изврши плаќање на придонеси и ПДД за обврзник за плаќање за период кога не работел кај него, во тој случај повратот на средства се врши на сметка.
    Исправка на пресметката (со вид на обврска 103) се поднесува само доколку се платени придонеси и ПДД за цел месец, а обврзникот работел помалку денови во календарскиот месец (на пр. платени се придонеси и ПДД за 31 ден во Јануари, додека обврзникот работел до 20-ти Јануари).
    Во случај придонесите и ПДД да се платени за обврзник за плаќање, а истиот воопшто не работел во календарскиот месец, во тој случај не се поднесува исправка.
  2. Пресметани и уплатени придонеси и персонален данок за лица кои го изгубиле статусот на обврзник за плаќање
    Доколку обврзникот за уплата извршил плаќање на придонесите и ПДД, а во меѓувреме го изгубил статусот на обврзник за плаќање (на пр.се стекнал со старосна пензија, поништување на решение од ФПИОМ/ФЗОМ), во тој случај без поднесување на исправка, а со презентирање на соодветна документација се доставува барање за поврат.
  3. Грешно реализиран Налог ПП53 од страна на носителот на платен промет
    Барањето се доставува од страна на носителот на платен промет (банката), во случај кога Налогот ПП53 го реализирала од погрешна сметка. Во тој случај банката го обештетува клиентот, со тоа што за платените средства доставува барање за поврат на средства.
  4. Двојно реализиран Налог ПП53 - придонесите и персоналниот данок се двапати платени по ист фолио број
    Доколку Налогот ПП53 е реализиран двапати и тоа еднаш преку КИБС и вторпат преку МИПС, уплатата ќе се евидентира еднаш, а за останатите средства ќе се изврши поврат во готови пари.
  5. Погрешно платени придонеси и персонален данок за лица кои се ослободени од плаќање на придонес и ПДД (инвалидни лица, лица вработени во ТИРЗ и сл.)
    Ако обврзникот изврши плаќање на придонеси и ПДД, а обврзникот за плаќање е ослободен од обврската за плаќање на соодветниот придонес / ПДД, во тој случај обврзникот за пресметка и уплата доставува исправка на пресмеката со која ќе биде евидентирано враќање на средства од идни уплати. Враќањето на средства се врши на сметка, со оглед на фактот што обврзникот за плаќање во понатамошните пресметки нема да има обврска за плаќање.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија